• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

До решение само со дијалог, платите во образование СДСМ ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари

април 12, 2022
in Тикер
До решение само со дијалог, платите во образование СДСМ ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари

Наставниот кадар мора да се води од интересите на учениците, наставниот процес да продолжи непречено, затоа наставата мора да продолжи за да се избегнат негативни последици врз учениците, изјави на Прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Дијалогот меѓу Владата и СОНК мора да продолжи, само преку дијалог ќе дојдеме до решенија во интерес на наставниците.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи во овие години покажа на дело што значи вистинска грижа за воспитно образованиот кадар.

Преку отворен и инклузивен дијалог, платите во образованието во периодот од 2017 до 2022 се покачија за 21 отсто.

 

 

Во апсолутен износ, наставник во основно образование денес има плата од 24.786 денари плус минат труд, што е за над 3.200 денари во однос на времет на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година истиот наставник има плата од само 21.521 денар. Во средното образование платата на професорите денес изнесува 25.874 денари плус минат труд.

Уште позначајно зголемување има во делот на детската заштита. Една негувателка во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2017 година добивала плата од 14.493 денари. Денес платата на негувателката е покачена и изнесува 19.560 денари, плус минат труд. Тоа е зголемување на платата за над 5.000 денари. Платата на воспитачките во 2017 година изнесувала 18.300 денари, денес во февруари платата на воспитачките изнесува 26.574 денари, што е зголемување од над 6.000 денари.

Сето ова е показател за грижата кон овој важен кадар, но и гаранција дека платите ќе продолжат да растат и да се усогласуваат со растот на минималната плата.

Истовремено, уште еднаш апелираме до политичките партии особено до ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот, да престане да нанесува штета врз образованието и наставниот процес.

Тоа е последната партија која може да зборува за образованието и за детската заштита, по пустошот што го стори за време на 11 годишното владеење.

СДСМ како одговорна партија продолжува да инвестира во човечкиот капитал со сите сектори, вклучувајќи ги и образованието и детската заштита, едни од клучните сектори важни за развој на нашето општество.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Методија Димовски е именуван за генерален секретар на Владата. И за што друго расправаше Владата?

Next Post

Денес им е роденден: Ристо Медароски

Next Post
Денес им е роденден: Ристо Медароски

Денес им е роденден: Ристо Медароски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk