Охрид од вторник и официјално ќе добие ново пријатно катче за љубителите на добрата голтка – квалитено вино од ова поднебје.
Во Варош како дел од познатата вила „Мал Св.Климент“ ќе функционира новиот објект и прекрасно уредената винарија. Сопственикот Будимир Соколовиќ – Буцо вели дека во винаријата посетителите ќе можат да пробаат вкусни закуски и да пијат вино произведено во амфори кои се набавени дури од Грузија.
Нека е со среќа и бериќет!
Публицитет.мк