Пред десетина дена во Скопје на 81 годишна возраст почина Станислав Длака гитарист и вокал на групата „Бис- Без“.
Една од нивните најпознати песни секако е „Добро утро ,ученичке мала“ која е создадена на почетокот од кариерата на групата „Бис – Без“која се смета за една од основоположниците на македонската рок музика.Групата била создадена во 1964 година од две две други рок групи „Безимени“ и „Бисери“.Станислав Длака (гитара и вокал)и Ламбе Смилевски (бас гитара ) биле членови на „Бисери“ а од групата „ Безимени“ на групата се приклучиле Костантин Икономов- Коце (гитара и клавијатури), Димитар Чемков – Циме(бас гитара), Димитар Попанков (тапани) и Стевче Јаневски- Чивчи (вокал).Ова била првата постава која претрепела одредени измени во текот на годините.
Името групата го создала од првите три букви од двете групи во кои членувале дотогаш.
Групата била под силно влијание на легендарните „Битлси“и на почетокот тие свиреле по локалните клубови и сали.Нивниот репертоар претежно бил составен од тогашните светски хитови на „Битлси“ , „ Ролинг Стоунси“, „Ху“ и други.
Во почетокот на 1966 година започнуваат да ги пишуваат и своите први песни . Некои од нив биле и препеви на странски песни но изведени на македонски јазик.
Нивниот прв и единствен албум „Што е врева“ го издале во 1973 година. На него се наоѓаат шест студиски синглови , меѓу кои и посочената „Добро утро, ученичке мала“.Тие свиреа повеќе жанрови на рок музика како :Хард рок, блуз рок, рокен рол, психоделичен рок, поп рок па дури и хеви метал.Едноставно тие преставуваа некаков прозорец кон светот на популарната музика.Кон крајот на шеесетите тие започнаада бараат сопствен оригинале поп израз внесувајќи фолкорни елементи од нашето поднебје со што ги стекнаа симпатиите на повозрасната генерација.Со композицијата „Море сокол пие“ се преставија на поп рок фестивало во Загреб во 1968 година а две години подоцна на поп фестивалот во Загреб се преставија со нивниот голем хит „ Дал да плачам ил да пеам“.Групата беше активна се’ до 1973 година , но уште неколкупати се собираа по разни поводи (1992, 2002) за конечно во 2008 година да престанат да свират по смртта на басистот Ламбе Смилевски.
Освен по својата музика и изведба тие ќе останат запаметени и како првите македонци кои го популаризираа рокерскиот имиџ (долги коси, бакембарди, тесни пантолони, машни, штиркани кошули). Беа познати како бенд на кои музиката им беше се’ , бенд кој беше познат и по своите соло изведби, кои ги свиреа по повеќе од пет минути. Тоа е најзабележливо во песната „Било и поминало“.За нив слободно може да се рече дека се основоположници на рок музиката во Македонија.
На нив и на нивната музика ве потсетувама со нивниот голем хит „ Добро утро, ученичке мала“
Пишува: Ѓоко Симјаноски , Публицитет.мк