Здружението на охридскиот угостителски еснаф и Хотелско- туристичката асоцијација ХОТАМ, на градскиот плоштад Св.Климент Охридски, утре на 31-ви декември, организираат свечен дочек на Новата 2019 година.
На новогодишната забава на отворено ќе настапат: Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд, како и ди-џеј Петар. Дочекот на Новата 2019 година, на градскиот плоштад ќе ја збогати забавната програма за охриѓани и илјадниците домашни и странски гости , кои ќе престојуваат во Охрид, се вели во соопштението.
Публицитет.мк