Жителите на островите Самоа и Кирибати кои се во Пацифичкиот океан , први ја дочекаа Новата 2016, во 11 часот по средноевропско време.
Во Сиднеј и Мелбурн Новата година е дочекана со спектакуларен огномет. Се славеше и Окланд . Токио ја ја дочека Нова година со пуштање на голем број балони . Новата година веќе пристигна во Кина. Спектакуларно беше во Москва, а во Берлин Новата 2016 пристигна со претпазливост од можните терористички напади.
00.01 – Нова година во Европа. Без огномет во Париз. Во Минхен беше спектакуларно наспротив стравот од тероризмот.
11.00 – Москва организираше вистински спектакл за Нова година. Полиција во Берлин беше на штрек.
21.00 – Нова година пристигна во Дубаи и ќе биде прославена според планираното независно од големиот пожар кој избувна во еден луксузен хотел.
17.00 – Хонгконг влезе во Новата година со спектакуларен огномет
Во Пекин концертото во зградата на кинескиот парламент бил проследен со огномет во палатата од Забранетиот град.
16.00 – Нова година стигна во Токио.
14.00 – Сиднеј повеќе од еден милион луѓе на прослава на отворено

13.30 – Во Мелбурн гостите ги забавуваше Мараја Кери
12.00 – Нова година во Оукланд во Нов Зеланд
11.00 – Новата година стигна и на островот Кирнанг
Први јануари последни ќе го дочекаат во Самои САД и на осторовот Нијуе во јужниот Пацифик . Кај нив 2016 по средноевропско време ќе стигне дури утре.
Публицитет.мк






