Синоќа беа доделени националните филмски награди БАФТА кои ги доделува Британската Академија за филмска уметност.Оваа награда се доделува од 1947 година а нејзини создавачи се бројни славни филмски уметници меѓу кои се и Дејвид Лин, Керол Рид, Александар Корда и Лоренс Оливие. Целта била да се зајакне филмската индустрија која била ослабена по Втората светска војна.
Годинешната церемонија се одржа во Лондон во Кралскиот Алберт Хол.Презентери на годинешните актери беа Пријанка Чопра, Софи Куксон, Фиби Диневор, Чиветел Еџифор, Хју Грант, Ричард Е. Грант, Том Хидлстон, Фелисити Џонс, Џонатан Прајс, Роуз Брн, Ана Кендрик и Рене Зелвегер.
Најмногу награди оваа година освои американскиот филм „Земја на номадите“, вкупно четири и тоа :за најдобар филм , за најдобра режија (Клои Жао) , за најдобра женска актерка (Френсис Мек Дорман) и најдобар кинематографер.
83 годишниот актер Ентони Хопкинс ја освои наградата во категоријата Најдобар актер за улогата во филмот „Таткото“иако како голем фаворит во оваа категорија се сметаше неодамна починатиот актер Чедвик Босеман.
Во категоријата најдобра споредна улога наградата ја освои корејската актерка Јух-Јунг Јанг за улогата во филмот „Минари“. Таа во својата виртуелна порака изрази сочуство за заминувањето на принцот Филип војводата од Единбург. Освен тоа таа изјави дека е почестена што ја добила наградата од Британците кои обично се сметаат за снобови.
Во машка конкуренција наградата за најдобра споредна улога му припадна на актерот Даниел Калуџа за улогата во филмот „Јуда и црниот Месија“.
За најдобар британски филм наградата БАФТА му припадна на филмот „Младата ветувачка жена“.Филмот ја освои и наградата за оригинално сценариокое го напиша режисерката на филмот Емералд Фенел.
За најдобар странски филм наградата му припадна на данскиот филм “Уште една тура“ на режисерот Томас Винтерберг кој наградата и ја посвети на својата неодамна почината ќерка.Инаку, во оваа категорија беше номиниран и филмот „Кво вадис , Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ.
За најдобар анимиран филм наградата му припадна на американскиот компјутерски анимиран филм „Душа“ во продукција Дизни –Пиксар.Филмот ја освои и наградата за најдобра оригинална музика.
Познатиот режисер Анг Ли стана добитник на почесната награда БАФТА.
Овие награди како и наградите Златен глобус, наградите на здружението на продуцентите, здружението на режисерите , честопати се релевантен показател за тоа кој ќе се закити со најпрестижните филмски награди, Оскарите, кои ќе бидат доделени на 25 априол во Лос Анџелес.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк