• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Доделени 93. награди Оскар , но и наградите Златни малинки

април 26, 2021
in Филмољубие
Доделени 93. награди Оскар , но и наградите Златни малинки

Денес  во раните утрински часови заврши годинешната церемонија на доделувањето на најпрестжната филмска награда , Оскарот. Оваа година за првпат доделувањето на 93. Оскари се случи виртуелно и во живо заради пандемијата на корона вирусот. Церемонијата се одржа во Лос Анџелес и тоа на две локациии:на станицата Унион и во Долби театарот и тоа два месеци подоцна од првично планираното .

2021 oscars

На годинешната церемонија за прв пат по 2006 година се случи ниту еден филм да не освои повеќе од три награди Оскар.Освен тоа оваа година за првпат по доделувањето на 44. Оскари церемонијата не заврши со доделување на Оскарот за најдобар филм.

И веднаш да кажеме дека најголем број на Оскари (три) освои филмот „Земја на номадите“ и тоа во најважните категории: Најдобар филм, најдобра режија и најдобра главна женска улога.

10873103

Наградата за најдобра режија и припадна Клое Жао која е родена во Кина. Ова е за првпат Оскарот за режија да го освои жена која не е белкиња и втор пат Оскарот да го освои жена по Кетрин Бигелоу во 2010 година.

„Во последно време многу размислувам за тоа како да терам напред кога е тешко.Се сеќавам на една изрека од моето детство:„Децата се раѓаат добри“. Ова е за сите кјои ја чуваат добротата во себе и во другите. Благодарам на сите што ме инспириравте да продолжам со работата“ рече Жао при добивањето на наградата.

maxresdefault copy copy copy copy

Очекувано , наградата Оскар за најдобра женска улога и припадна на Френсис Мек Дорман. Таа седмата личност која добила три Оскари во актерската категорија. Своите други два Оскари ги доби за улогите во филмовите „Фарго“ и „Трите билборди од предградието “.

„ Немам зборови. Мојот глас е мојот меч. Знаеме дека мечот е нашата работа. А јас ја сакам работата“ изјави Мек Дорманд при примањето на наградата.

The Father

Оскарот во категоријата за најдобра машка улога му припадна на Ентони Хопкинс за неговата улога во филмот „Татко“ . Ова е негов втор Оскар по оној што го доби за улогата во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ .Воедно Хопкинс со своите 83 години стана најстариот добитник на наградата Оскар. Тој не присуствуваше на церемонија ниту пак имаше снимена видео благодарност. Оваа награда беше доделена на крајот од церемонијата кога вообичаено таа завршуваше со доделувањето на наградата Оскар за најдобар филм.

10872083

Оскарот за најдобра споредна улога му припадна на црнечкиот актер Даниел Калуџа  за улогата во филмот „ Јуда и црниот месија“

„Ти благодарам Господе!. Нема да бев овде без твоето водство.Ова е за моето семејство, моето цело семејство. Мошне е тешко да снимиш филм, а уште потешко да снимиш еден ваков филм.“ рече меѓу другото актерот по примањето на наградата.

images 4

Едно од најголемите изненадувања се случи во катагоријата најдобра споредна женска улога. Оскарот и припадна на Корејката Јун Јух – јунг за улогата во филмот „Минари“. Таа е првата Корејка која добила Оскар за најдобра споредна улога.

„ Како што знаете , јас сум од Кореја. Многумина моето име го читаат на различни начини, но оваа вечер  ви простувам. Оскарите обично ги гледам како телевизиска програма. А сега сум овде, сама. Дозволете ми да се соземам. Им благодарам на членовите на Академијата кои гласаа за мене“рече добитничката Јоун , која како добитничка ја најави актерот Бред Пит.

Инаку голем фаворит за оваа награда беше актерката Глен Клоуз која досега има осум номинации за Оскар но тој и оваа година ја одмина.

18 1

Иако беа големи надежите на Босна и Хецеговина дека по втор пат ќе го освои Оскарот во катргоријата Најдобар меѓународен долгометражен филм откако филмот на Јасмила Жбаниќ „ Кво вадис , Аида?“ се најде меѓу петте номинирани, сепак тоа не се случи бидејќи Оскарот , очекувано, во оваа категорија  му припадна на данскиот филм „ Уште една рунда“ на режисерот Томас Винтерберг.Тој при примањето на наградата рече:

„ Ви благодарам многу, благодарам на Академијата.А  за ова сонувам многу години.Сакам да и се заблагодарам на мојата сопруга бидејќи таа беше ангел чувар на овој проект. И благодарам на целата екипа бидејќи ова беше ризичен потфат.Посебно сакам да му се заблагодарам на Мадс Микелсен кој го даде најдоброто од себа.Сакавме да направиме филм кој го слави животот. Четири дена по почетокот на снимањето на филмот мојата ќерка загина во сообраќајна несреќа на автопат“,низ солзи рече Винтерберг.

За најдобар анимиран филм наградата Оскар му припадна на компјутерски анимираниот филм „ Душа “ на компаниите „Дизни “ и „Пиксар“.

Овој филм го направивме како љубовно писмо за џезот.Им благодариме на компаниите кои ни овозможија да направиме филм за смисолот на животот“ рекоа добитниците на наградата Пет Доктер и Дана Муреј.Филмот го освои Оскарот и во категоријата за најдобра оригинална музика.

За најдобар документарен фил наградата Оскар му припадна на филмот „ Јас и октоподот“ на авторите Пипо Ехрил, Крег Фостер и Џејмс Рид.

7183 4789 2.59413105

Наградата за најдобро оригинално сценарио и припадна на Емералд Фенел за филмот  „Девојката која ветува“ а Оскарот за најдобро адаптирано сценарио отиде кај Кристофер Хемптон и Флоријан Зенел за филмот „ Татко“.

Најголем губитник оваа година е филмот „ Манк“ на режисерот Дејвид Финчер кој имаше десет номинации за наградата Оскар а освои само два во категориите најдобра продукција и најдобар кинематографер.

На церемонијата беа доделени и Оскарите во категориите : најдобра оригинална песна најдобар звук,визуелни ефекти, монтажа, звук, шминка, сценографија, костимографија, најдобар кусометражен филм…

images 3

Како презентери на церемонијата на која присуствуваа номинираните во сите категории се појавија поголем број на познати актери меѓу кои и :Лора Дерн, Дон Чидл, Брајан Кренстон, Риз Витерспун, Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Виола Дејвис, Ангела Басет, Рита Морено, Рене Зелвегер, Жоакин Феникс…

 

download 1 copy copy copy

ДОДЕЛЕНИ  41. НАГРАДИ ЗЛАТНИ МАЛИНКИ

Церемонијата на прогласувањето на најлошите остварувања за 2020 година и прогласувањето на добитниците на Златните малинки , се одржа еден ден пред доделувањето на Оскарите. Наградите се засноваат на гласови од членови на фондацијата „Златна малина“. Номинираните беа објавени на 11 март 2021 година .

Наградата за најлош филм му припадна на филмот „Апсолутен доказ“

За најлош режисер е прогласен Сиа за режијата на филмот „Музика“. Титулата најлош актер оваа година му припадна на актерот Мајкл Линдел за улогата во филмот  „Апслоутен доказ“.

За најлоша актерка е прогласена Кејт Хадсон за улогата во филмот „ Музика“

За најлоша споредна машка улога наградата „Златна малина“ му припадна на Руди Џулијани (поранешниот градоначалник на Њујорк) за улогата во филмот „ Борат 2“.

За најлоша спредна актерка е прогласена Меди Цинглер за улогата во филмот „ Музика“

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Исчистен патниот правец што води кон селото Скребатно

Next Post

Велигден и Бајрам без полициски час

Next Post
Велигден и Бајрам без полициски час

Велигден и Бајрам без полициски час

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk