Наградите Гоја преставуваат главни годишни филмски награди во Шпанија.
Наградите се востановени во 1987 година од страна на Шпанската Академија за филмска уметност и наука. Првата церемонија на доделувањето на наградите Гоја е одржана на 16 март , 1987 година во театарот Лопе де Вега.Во 2000 година церемонијата се одржа во Барселона во Барселона аудиториумот.Во досегашната историја на оваа награда церемонијата на доделувањето е искористена за искажување на политички ставови на поедини партии. Од 2001 година церемонијата се одржува во Конгресниот Центар во Мадрид кој од 2013 година го носи името на Принцот Филипе и се одржува секоја година кон крајот на јануари или февруари.
Оваа година церемонијата се одржа во саботата на 3.февруари по 32 ри пат во хотелот Мариот Аудиториум во Мадрид а домаќини на церемонијата беа Хоакин Рејес и Ернесто Севиља.
Наградата е мала бронзена биста со ликот на Франциско Гоја создадена од страна на скулпторот Хозе Луис Фернандез.
Наградите Гоја се доделуваат во вкупно 28 категории вклучувајќи ја и Почесната награда Гоја. За секоја награда се номинираат по четворица кандидати за секоја категорија.
Награди Гоја се доделуваат во скоро истите категории како и Оскарите со тоа што има уште и категорија Најдобар европски филм како и категорија Најдобар странски филм на шпански јазик, категорија која ги покрива филмовите од Јужна Америка во кои се говори на шпански јазик.
Во досегашната историја на оваа награда , најголем број награди Гоја (14) има освоено филмот „ Морето однатре“ на режисерот Алејандро Аманебар во 2004 година.
Годинава најмногу номинации ,13, имаше филмот „ Гигант„ а веднаш зад него се најде Филмот „ Книжарница“ со 12 номинации. Помеѓу овие два филма ,всушност се водеше и главната битка за годинешните награди. На Крајот филмот „Гигант“ освои 10 награди Гоја а филмот „ Книжарница“ три. Но, ако се вреднуваат наградите според важноста тогаш сепак е победнико филмот „ Книжарница“ кој ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио додека „ Гигант“ ги освои само наградите за оригинално сценарио и најдобар млад актер (Енеко Сагардој). Останатите осум награди спаѓаат во редот на таканаречените технички награди кои се разбира се вредни признанија за оние што ги добија(монтажа, продукција, уметнички дизајн, специјални ефекти, костими, шминка, камера…).
Победничкиот филм „ Книжарница“ преставува шпанско , британско германска копродукција во режија на шпанската режисерка Изабел Коисет а е снимен според романот на Пенелопа Фицџералд .Главните улоги во филмот ги толкуваат Емили Мортимер во ликот на Фиренца Грин, Патриција Кларксон како Виолет Гамарт и Бил Нијџи како Едмунд Брундуш.Ова представува трета соработка помеѓу Патриша Кларксон и режисерката Изабел Коисет и втора помеѓу Емили Мортимер и Патриша Кларксон кои настапија заедно во 2017 година.Филмот ,кој во Шпанија успеа да заработи 2,9 милиони долари, говори за една вдовица која отвора книжарница во еден сончев крајбрежен град.Ова е по втор пат режисерката Коисет да победи во категоријата најдобар филм со филм во кој се говори на англиски јазик. Првиот беше „Тајниот живот на зборовите“ во 2006 година.
Предводниците на модерната баскиска кинематографија, Џон Гарано и Аитор Ареги, освоија десет награди Гоја со филомот „Гигант“ чие дејствие се случува во 1836 година во руралната Баскија, и говори за длабоките афективни врски на двајца браќа кои ја преживеале сиромаштијата, романтичното ривалство, војната и боречката модернизација.
Наградата Гоја за најдобра машка улога му припадна на актерот Хавиер Гутиерез за улогата во филмот „ Мотив“ каде ја игра улогата на талентиран романсиер кој ги манипулира животните на своите соседи за да добие инспирација за пишување на неговата проза.
Тој оваа награда ја доби во конкуренција со актерите Андрес Гертруди, Хавиер Бардем и Антонио де Латоре.
Од друга страна , во женска конкуренција наградата сосема заслужежено и припадна на актерката Натали Поза за улогата во драмата „ Не можам да кажам збогум“.На тој начин таа ги победи Емили Мортимер за улогата во филмот „ Книжарница“ и Пенелопе Круз за улогата во филмот „ Парабола за љубов“.
Мошне вредни награди доби и дебитантскиот филм „ Лето 1993 “.Филмот ја доби наградата Гоја за најдобра млада режисерка која и припадна на Карла Симон , наградата за најдобра споредна машка улога за Давид Вердагуер како и наградата за најдобра млада актерка Бруна Куси.
Во категоријата најдобра споредна женска улога наградата ја освои Аделфа Калфо за улогата во филмот „ Мотив“.
Жените и нивната кампања во Шпанија за да го зголемат своето присуство во шпанскиот филм, се покажа како постојана трендовска тема на годинешната церемонија.Така актерката Ј.А. Бајона на сцената ги повика одговорните во академијата жените да добијат 50 одсто од владините филмски субвенции во Шпанија. “Јас сум за сите видови на квоти и нешто што може да придонесе за промена”, рекла Пенелопе Круз на црвениот тепих. “Ако маж заработува 20 а жената 10, жената треба да се откаже од тоа, поддржана од мажот”, додал нејзинот сопруг Хавиер Бардем.
Меѓутоа, Шпанија е далеку во борбата за поголема родова рамнотежа.Само како пример, сценариото за церемонијата што служеше како платформа за ревидирање на женските права беше напишано од пет мажи. Од 2,270 лица што ги создале 154-те остварувања кои претендирале за наградата Гоја во 2018 година, 24% биле жени. Според студијата на CIMA, шпанското женско аудиовизуелно здружение, само 16%од жените се директори на овој сектор .Само четири жени досега добиле награда за најдобар режисер во 32 изданија на Гоја. Минатата година, од 25 највисокопланирани шпански филмови, никој не бил режиран од жена, рекла актерката Пепа Чаро.
Награда Гоја беше доделена и во категоријата најдобар анимиран филм за 2017година . Наградата во оваа категорија му припадна на компјутерски анимираниот филм „ Тадео Џонс 2“ кој само во шпанските кино сали заработи 21,3 милиони долари и со тоа покажа дека и во наредниот период од овој жанр треба да се очекуваат нови успешни проекти.
Во категоријата најдобар документарен филм наградата Гоја му припадна на документарниот филм „ Многу деца , мајмун и замок“ кој е посветен на сите мајки, на Густаво Салмерон.Филмот изминатата година ја освои наградата за најдобар документарен филм на фестивалот во Карлови Вари.
За Оскар номинираниот филм во категоријата најдобар странски филм , “Фантастична жена” на режисерот Себастијан Леило ја освои наградата Гоја за најдобриот странски филм на шпански јазик. “Бунт, отпор и љубов”, рече ѕвездата Даниела Вега, можеби во најкратката порака изречена на сцената во саботата навечер во Мадрид, при добивањето на наградата на овој филм во кој ја толкува главната улога.
Филмот “Квадрат” на Рубен Остлунд, добитник на Златната Палма во Кан во 2017 година како и наградата за најдобар европски филм во 2017 година кој има и номинација за Оскар за најдобар странски филм , во саботата ја освои наградата Гоја за најдобар европски филм за 2017 година прикажан во Шпанија.
Музата на Педро Алмодовар , 71 годишната актерка Мариса Парадиз , ја доби почесната награда Гоја. Таа на сцената беше поздравена со стоечки аплауз од присутната публика. Таа со голема возбуда едвај успеа да и’ се заблагодари на шпанската публика за нејзината досегашна доверба.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк