Синоќа во Кан беа доделени наградите на најдобрите во рамките на годинешното 74 . издание на еден од најзначајните и најпрестижни светски филмски феативали.
Жирито предводено од познатиот американски режисер Спајк Ли , одлучи главната награда Златна палма да му ја додели на францускиотфилм „Титан“ на режисерката Жулија Дукурно. Ова е вторпат во историјата на овој фестивал главната награда да и припадне на жена режисер.За првпат тоа се случи во 1993 година кога оваа награда ја освои филмот „Пијано“ на австралиската режисерка Џејн Кемпион.
За време на церемонијата се случи еден пропуст на председателот на жирито ,Спајк Ли , кој во среде церемонијата го прочитал името на режисерката Дукурно, која во тој момент не излегла на сцената туку сочекала наградата званично да биде објавена на крајот од церемонијата кога тоа го направиле председателот Спајк Ли и водителката на церемонијата ,актерката , Шерон Стоун.
Станува збор за филм кој критичарите го опишаа како луда, сурова и визионерска приказна како филмовите на Дејвид Кроненберг. Главната улога во филмот ја толкува познатиот француски актер Винсент Линдон.
Наградата Гран –при , според одлуката на жирито ја споделија познатиот ирански режисер Асгар Фархади за филмот „Херој“ и финскиот режисер Јухо Кусманен за филмот „ Одделот број 6“.
Наградата за најдобра режија ја освои францускиот режисер Леос Каракс за мјузиклот „Анет“ со кој беше отворен годинешниот фестивал во Кан.
Наградата на жирито рамноправно ја споделија двајца режисери.Хадав Лапид од Израел за филмот „Коленото на Ахмед“ и Аличаптонг Верасетакул од Тајланд за филмот „Меморија“.Наградата им ја додели познатата американска актерка Розамунд Пајк.
Наградата за најдобра машка улога му припадна на актерот Кејлеб Лендри Џонс за улогата во авцтралискиот филм „Нитрам“ на режисерот Џастин Курцел.
Наградата за најдобра женска улога ја освои норвежанката Ренате Реинсве за улогата во филмот „Најлошата личност на светот“.
Наградата за најдобро сценарио му припадна на јапонецот Рајусуке Хамагучи за филмот „Вози го мојот автомобил“ кое напишано според приказната на Харуки Мураками.
За првпат оваа година нашата земја имаше филм кој се најде во трката по Златна палма во официјалната селекција за краток филм .Македонската режисерка Марија Апчевска со филмот „Северн пол“беше во трка по оваа награда. Наградата во оваа селекција ја доби кинеската режисерка Танг Ји за филмот „Сите гаврани на светот“.
Голем успех оваа година во Кан доживеа хрватската кинематографија. Имено ,филмот„Мурина“на режисерката Антоанета Аламат Кусијановиќ ја освои наградата Златна камера која се доделува за најдобар дебитантски филм.Наградата режисерката не можела да ја прими лично бидејќи еден ден пред тоа станала мајка. Инаку , истата вечер кога филмот ја доби вредната награда во Кан, филмот го отвори годинешниот Пулски филмски фестивал.
Оваа година почесната Златна палма му беше доделена на италијанскиот режисер Марко Белокио.
Пишуѕа: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк