Така речи непостои град во светот за кого не е напишана и испеана некоја песна со која се слави неговата убавина.Некои од нив се толку популарни што преставуваат вистински евергрини и доживуваат безброј вокални и и нструментални изведби.
Една од нив секако е „Догледање Рим“(“Arrivederci Roma”)за која музиката ја напишал Ренато Рашел на текст создаден од Пјетро Гаринеи и Сандро Џованини.Песната била објавена во 1955 година како дел од саундтракот на италјанско –американскиот музички филм„ Седумте ридови на Рим“во режија на Рој Роуланд во кој главните улоги ги толкувале:Марио Ланца,Мариса Аласио и Ренато Рашел.
Стиховите на песната за англиската верзија на филмот ги напишал Карл Сигман.
Интересно е дека во истата 1955 година направена е и друга верзија на оваа композиција врз основа на истата музика но со текст на англиски јазик напишан од Џек Фишман. Насловот на англиската верзија е „ Догладање драга“. И обете верзии доживеале голем успех кај публиката.
За популарноста на оваа композиција голема заслуга имаат и верзиите испеани од Бинг Крозби,Клаудио Вила,Клиф Ричард,Кони Френсис,Дин Мартин,Даен Ворвик,Еди Фишер,Нет Кинг Кол,Пери Комо,Ренато Рашел,Џери Вале,Џулиус Ла Роса,Рита Павоне, Тино Роси, Ал Бано и Ромина Пауер,Ана Мањани,Роко Граната,Нила Пици,Френк Бонгусто, Џони Метис…како и инструменталните изведби на оркестрите „ 101 Стрингс Оркестра“,Едмундо Рос, Џејмс Ласт, Перси Фејт, Франк Пурсел, Пол Мориа,Андре Реи, како и нструменталистите Ричард Клајдерман, Роџер Вилијамс, Брајан Меј…
Англиската верзија на оваа композиција насловена како „ Догледање драга“најпрвин ја испеала британската пејачка Ана Шелтон која останала четири недели на британската топ сингл листа (17 декември 1955 до 7 јануари 1956 година), а потоа и Една Севиџ која се искачила на местото број 19 во Велика Британија .
Ве потсетуваме на оваа безвременска песна со оригиналната изведба на Марио Ланца од филмот „ Седумте ридови на Рим“.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк