До 5 часот утрово траеле преговорите за исполнување на рокот за договор за специјален јавен обвинител. Неофицијално, договорено било Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија да биде специјален обвинител, а денеска во Собрание ќе се гласал нов закон за специјален обвинител.
Денеска во Собранието би требало да се изгласа и новиот закон, според кој специјалниот обвинител ќе реши колку заменици ќе има, а ќе се гласа и за предлогот за Јанева.
Извор: mkd.mk