• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 18, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Доколку не беа мета на варварство, статуите на Буда во Авганистан ќе беа прогласени за осмо светско чудо

декември 26, 2020
in Во потрага по трајната убавина
Доколку не беа мета на варварство, статуите на Буда во Авганистан ќе беа прогласени за осмо светско чудо

Покрај многуте убавини и долги традиции што ги има Авганистан, а кои за жал, се повеќе се уништуваат заради војната, се и најголемите статуи на Буда.

1234567 7654321 2

Остатоците од статуите болен потсетник за варварството

Долината Бамјан во Авганистан на висина од околу 2 500 метри била дом на најголемите статуи на исправениот Буда во светот. Но тие и покрај протестите и молбите од целиот свет, сепак се уништени од страна на Талибанците во 2001 година. Позади нив, како болен потсетник до каде може да стигне човечката глупост и варварството, денеска стојат карпи кои имаат огромни дупки-празнини на местото каде што стоеле статуите.

Се уште е неизвесно дали проектот за возобновување на стауите на Буда ќе се се реализира во блиска иднина бидејќи целото подрачје се уште е несигурно од безбедносен аспект.

Осмо светско чудо

Доколку беа сочувани, статуите би можеле да бидат прогласени за осмо светско чудо.

Целото подрачје каде што се наоѓале тие порано имало многу поинаков живот. Бамјан се наоѓал на јужната страна од Патот на свилата, на крстосницата на трговските патишта помеѓу Кина, Персија и Средоземјето и важел за место со богата култура и материјална благосостојба.

Кралот Канишка кој владеел со Бамјан во вториот век го прифатил будизмот и планирал долината да стане свето место за припадниците на оваа религија.

Статуите настанале за време на владетелот Белих Хуна. Биле исклесани во текот на 6 век.  На црвените карпи во 500 година биле исклесани малите статуи на Буда високи околу 35 метри, а со импозантни 55 метри големите статуи настанале во 550 година.  

Според древните приказни, статуите првобитно биле прелиени со злато и украсени со скапоцени камења.

Бамјан се до тоа време бил еден од најголемите будистички центри во светот.Но исламот постепено го потиснувал будизмот, па така настапиле тешките денови за Буда од Бамјан. Статуите прво го изгубиле златото и накитот, па лицата, рацете и станае се почеста мета на крадците и верските фундаменталисти.

1234567 7654321 1

Светското културно наследство – на листата на загрозени подрачја

Археолошките остатоци во долината Бамјан во 2003 година се впишани на листата на УНЕСКО како светско културно наследство, но стигнале и на списокот на загрозени подрачја каде што и денес се наоѓаат.

Публицитет.мк

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Новоизбраниот претседател на САД Бајден во писмо до премиерот Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Next Post

Денеска се регистрирани 530 нови случаи на ковид-19, оздравени се 538 пациенти, а починати 26

Next Post
Денеска се регистрирани 530 нови случаи на ковид-19, оздравени се 538 пациенти, а починати 26

Денеска се регистрирани 530 нови случаи на ковид-19, оздравени се 538 пациенти, а починати 26

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk