Деновиве во Битола беа доделени наградите на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“. Томе Љушев – Шпанец се закити со висока награда на фестивалот. За документарецот „Трпејца“ копродукција на неговата „Шпанец продукција “ и Здружението „За Трпејца со љубов“ ја доби меѓународната плакета на УНИКА.
Филмот е работен по сценарио на Милчо Јованоски и претставува репортажа за Трпејца, животот и наследството, како живееле фамилиите во Трпејца, како се занимавале со риболов, како преживувале, и за делот под Галичица и самите тие легенди кои се раскажуваат“, вели Љушев.
Премиерно филмот беше прикажан пред две години на деветото издание на културно – забавното лето НА ЗАЈДИСОНЦЕ во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“.
Сценарио и нарација – Милчо Јованоски.
Камера – Томе и Кристијан Љушеви
Режија Кристијан Љушев Монтажа -Spanec Production
Музика – Мартин Милески Користени песни :
“На зајдисонце” Методија Баракоски Текст: Милчо Јованоски Аранжман- Јовица Каралиевски “
„Во Трпејца под Галичица” Петар Нечоски Музика и текст: Енвер Рашити Аранжман- Јовица Каралиевски
Филмот штотуку го започна својот фестивалски живот. Наградата УНИКА ни дава право да се надеваме дека наскоро документарниот филм за Трпејца ќе с енајде и на некој фестивал надвор од земјава, вели Љушев – Шпанев.
Публицитет.мк