По пеколните септемвриски горештини, дојде освежувањето во вид на дожд.
Оваа работна недела , овој понеделник го започнавме прилично бурно во раните утрински часови. Локален пороен дожд и грмежи имаше и има на повеќе места во западниот и јужниот дел од земјата.
Денот ќе биде облачен. Повремено ќе има врнежи, но далеку послаби од оние кои ќе се случуваат во текот на првите часови од денот. Веќе попладне врнежите значително ќе се намалат, а во северниот регион и ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Ќе биде доста посвежо во однос на претходните денови. Температурата нема да надмине 22°С во котлините во северниот дел од земјата. Посвежо ќе биде на југозапад, до 21°С. Југоисток не очекува надминување на 24°СВо скопската котлина се очекува облачно време со дожд рано наутро и повремено во претпладневните часови. Попладне условите за дожд ќе бидат минимални, а навечер нема веројтаност за врнежи. Температурата нема да надмине 22°С.
Публицитет.мк