Пејачот Драган Мијалковски, миленик на генерации луѓе во и надвор од Македонија познат е и по својата хумана дејност.
Денеска на иницијатива на директорот на Општата болница д-р Љубен Арнаудов и примариус д-р Брано Милошески, Помошник министер за здравство беше во посета на Одделеот за геријатрија , однсоно продолжено лекување на болни лица во Општата болница – Охрид. Драган за „Публицитет.мк“ изјави дека со цело срце и душа настапил пред овие луѓе кои му се радувале на неговото доаѓање, брзо го препознале и му кажале дека многу од нив го обожувале во времето на неговата најголема популарност: „Благодет е да се пее и настапува пред луѓе, среќен сум што со својата песна им го разбив болничкото секојдневие. Не само што заедно си пеевме , туку и дел од нив , оние кои можеа да излезат од своите соби и кревети, свртеа и по некое оро. Јас често настапувам во вакви хуманитарни цели не само во Охрид , туку и во други градови и ќе продолжам да го правам тоа,“ни рече Мијалковски
Персоналот во оддлението ја искористи можноста да му се заблагодари за посетата. Со желба Мијалковски повторно да е меѓу нив. „Правиме се’ да го подобриме условите за згрижување на пациентите, се трудиме и во состојбата во која се наоѓаат достоинствено да им минува животот и секојдневието“, вели Лазар Стојчески од Геријатрија.
Директорот д-р Љубен Арнаудов беше присутен на средбата и беше задоволен од позитивната реакцијат на лицата кои се на лекување во нивното одделение. Тој за „Публицитет.мк“ ги потврди заложбите за доградба и целосна реконструкција на одделението за Геријатрија, како и потребата од изградба на Урегентен центар. Д-р Аранудов очекува помош од државата, но и од разни донатори од и надвор од Македонија.
Публицитет.мк