• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

ДУИ ги даде потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

февруари 25, 2017
in Актуелно

ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.

Ова вечерва го изјави портпаролот  на партијата Бујар Османи за време на централното претседателство на ДУИ, кое се уште трае. Османи рече дека централното претседателство ја продолжува дебатата, но потписите биле дадени за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за распишување на локални избори.

– Сега само даваме подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука. Давањето на потписи не значи договор за влада, туку значи започнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влада –  изјави Османи.

Инаку попладнево портпаролот на партијата Бујар Османи, изјави дека централното претседателство во седиштето на ДУИ во Мала Речица, денеска разгледува две опции. Едната е ДУИ да биде дел од владината коалиција која ќе ја предводи СДСМ, а втората опција е ДУИ да даде подршка за малцинска влада, што во пракса нивните пратении би гласале во Собранието за формирање на мнозинска коалиција, но партијата да биде во опозиција, односно нивните партиски преставници, да не бидат дел од извршната власт

Според него, целта со оваа опција е да се отфрлат сите сомнежи што некој ги има околу работата на ДУИ досега, затоа што, како што рече,  ДУИ не е само политичка партија, туку е и движење.

Претходно и лидерот на ДУИ Али Ахмети, изјави дека денеска на централното претседателство на партијата ќе ја разгледува опцијата ДУИ да биде опозиција во идниот парламентарен состав.

Извор: www.meta.mk 

Посетеност: 74
Share
Previous Post

„Мојот живот, мојот свет“: Живко Георгиевски – втор дел

Next Post

ВМРО ДПМНЕ во Охрид организираше протест, како што беше речено против федерализацијата на Македонија

Next Post

ВМРО ДПМНЕ во Охрид организираше протест, како што беше речено против федерализацијата на Македонија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 74

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk