Дигитализираниот опус долгометражните играни филмови на Кирил Ценевски влезе во трка за меѓународната награда за најдобар ДВД производ што се доделува во рамките на престижниот фестивал на реставрирани филмови “Ил Чинема ритровато” во Болоња, Италија.
Заедно со изданието “Кирил Ценевски” (дел од едицијата “Македонски игран филм”) на Кинотека, во финалето влегоа и изданија посветени на режисерите Денис Хопер, Мајкл Чимино, Ингмар Бергман, Бернардо Бертолучи, Милош Форман… Комплетната листа на финалистите за наградата на фестивалот „Ил Чинема ритровато“ можете да ја погледнете овде: Finalists_DVD AWARDS 2019
Гости на фестивалот се познати авторски имиња како Мартин Скорсезе, Аки Каурисмаки, Изабела Роселини, Марко Белокио…
ДВД сетот со четирите играни филмови на Ценевски излезе во март годинава, а ги содржи “Црно семе” (1971), “Јад” (1975), “Оловна бригада” (1980) и “Јазол” (1985).
Публицитет.мк