Од 8 до 10 февруари одделенските наставнички Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ и Јулијана Алексиеска од ОУ „Братство – Единство“ од Охрид како координаторки на Меѓународен проектот „Ноќ со Андерсен“ заедно со претставници од уште 4 училишта од Македонија беа на наградно патување во Словачка.
Овој Интернационален проект поддржан од Министерствата за култура на Чешка и Словачка се одвиваше од ноември 2016 до април 2017година.nОрганизатори за Балканскиот регион беа наставничките: Весе Весела Богдановиќ,Ана Хркова и Зузана Путник.
Цел на проектот беше: запознавање со голем број бајки,поттикнување на желба и интерес за читање,унапредување на вештини за читање,користење и селекција на достапни ресурси на оригинален и забавен начин.
Охридските учителки – координаторки помогнати од редица свои колешки и колеги сторија се’ проектот да успее и во обете училишта. Така, наставничката Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ го освои второто, а нејзината колешка Алексиоска од ОУ „Братство – Единство“ третото место.
Учителките Петковска и Алексиоска од Охрид во Словачка
-Трите дена ни поминаа како еден миг, додека трепнеш, што се вели. Бевме во посета на селото на бајките Хабакуку, во основно и средно училиште и на универзитетот „Матеја Бела“ . Искуствата од студискиот престој ќе се обидеме постепено да ги воведеме и во нашата настава а и на останатите наши колеги во училиштата, рекоа обете.
Наскоро на страниците на Публицитет.мк ќе следи уште една репортажа на истава тема. Со клик на линкот подолу за да Ве запознаме со случувањата во Словачка ќе можете да го прочитате текстот преземне од нашите битолски колеги – Интервју со една од организаторките Весела Весе Богдановиќ која генерално ги пренесува искуствата и доживувањата на сите македонски претставнички.
Публицитет.мк