Томе Љушев – Шпанец од Охрид за документарниот филм „Аманет“ на 51 фестивал на непрофесионален филм, што се одржа деновиве во Валандово во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника освои две златни и една сребрена плакета.
Филмот освои златни плакети за режија и монтажа и сребрена плакета во конкуренција на документарни филмови. „Аманет од старите“ е приказна за занаетите кои се во изумирање.
За овој филм Љушев претходно беше наградуван и на фестивалите „Камера 300 – Браќа Манаки“ во Битола и на меѓународните фестивали во Србија и Бугарија.
Публицитет.мк