• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

DW: За што најмногу се задолжуваат македонските граѓани?

септември 20, 2025
in Аргументи за
DW: За што најмногу се задолжуваат македонските граѓани?

Граѓаните најчесто земаат потрошувачки кредити, како и заеми за купување на станови и автомобили. Ваквите трендови продолжиле и во текот на летото, кога најчесто се земаат кредити за одење на одмор или за реновирање.

Македонските граѓани најчесто се задолжуваат со потрошувачки кредити и за купување на станови, но дел од клиентите на банките бараат заеми и за купување на автомобил. Ваквите трендови продолжиле и во текот на летото, кога најчесто граѓаните се задолжуваат со потрошувачки кредити, кои најчесто треба да им ги покријат трошоците за одење на одмор или за реновирање на домот.

Најновите податоци на Народната банка за за монетарните движења во Македонија во текот на август покажуваат дека кај физичките лица најзастапени во август биле потрошувачките и станбените кредити кои бележат годишно зголемување од 9,9, проценти и 15,5 проценти, додека автомобилските кредити бележат годишен пад од 2,5 проценти. Кај кредитите одобрени на кредитните картички има намалување на годишно ниво од 7,1 процент. 

„Кај вкупните депозити има зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кај кредитите раст од 12,9 проценти. Кај депозитите поизразен е растот во секторот домаќинства, а кај кредитите во корпоративниот сектор“, информираат од Народната банка. 

Полесно до кредити за стан?

Народната банка неодамна донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв станво Македонија. Сите лица кои немаат стан на свое име можат да добијат станбен кредит со учество од 10 отсто од вкупната вредност на објектот. За останатите учеството се зголемува од 15 на 25 отсто. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година и насочени се пред се кон младите и брачните парови кои немаат сопствен дом.

Исто така, беше покрената и иницијатива за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги во Македонија. Во план е да се покрене и иницијатива за измени на законското решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со тоа граѓаните ќе добијат пристап до мобилно банкарство, дебитна картичка, подигнување готовина и електронски трансакции за месечен надомест од 36 денари, а за ранливите категории ќе биде бесплатно.

Извор: dw.com

Публицитет.мк

Посетеност: 7.935
Share
Previous Post

Денешниот ден е ученик на вчерашниот ден

Next Post

Заврши VIII Меѓународна колонија во Трпејца

Next Post
Заврши VIII Меѓународна колонија во Трпејца

Заврши VIII Меѓународна колонија во Трпејца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 7.935

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk