• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 7, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

DW: 25 години по падот на Берлинскиот ѕид – „Предели во процут“, како да не!

октомври 2, 2015
in Актуелно

Политиката многу ветуваше по падот на Берлинскиот ѕид, му предвиде розова перспектива на Истокот. Реалноста е поинаква. Цените на недвижностите паѓаат, а недостасува просперитетна индустрија.

„Лошо е како овие неугледни згради го нагрдуваат пределот“ – такви тонови се слушаат од една група туристи од Западна Германија. Тие специјално бараа прошетка низ источногерманската провинција, за да го запознаат „Истокот“ 25 години по повторното обединување. Потоа, на речиси секоја железничка станица стојат руинирани објекти, еден полош од другиот. Некогаш станиците беа елегантни објекти со хол, ресторан, билетарници и комфорни станови за железничарите. „Сакавме да видиме на што отидоа парите од нашиот солидарен данок“, вели еден од туристите. „Парите сосем сигурно не стигнале овде“, констатира неговата придружничка.

Во изминатите 25 години во некогашната ГДР (Источна Германија – н.з.), според проценки на експерти, се слеале околу две билиона (две илјади милијарди – н.з.) евра. Многу пари отидоа во социјалното осигурување. Беа градени и патишта, финансирани центри за започнување бизнис, објекти за престиж. Берлин, Лајпциг, Дрезден, Бранденбург, можеби и Јена и Ерфурт профитираа и во изминатите двеипол децении се развија во просперитетни градови. Притоа се чини дека источногерманската провинција беше заборавена.

Отселување од Истокот

Проблем на Истокот е што го напуштаат младите луѓе – се селат во западниот дел или во регионите на големите градови; таму, каде што има работни места. Од 1990. година околу два милиона луѓе ги напуштија некогашните источногермански покраини. Институтот на германското стопанство смета дека до 2030. година некои предели ќе загубат и до четвртина од жителите. А со заминувањето на луѓето опаѓа и куповната моќ.

Недостига индустрија

„Главен проблем по обединувањето беше дека индустриската база доживеа слом“, вели економистот Линднер. Индустријата на ГДР не беше конкурентна. На почетокот на 90-тите години беше направена решавачката грешка: платите премногу пораснаа, поради што во источногерманската провинција не дојде некоја конкурентна индустрија. Ситуацијата во меѓувреме е значително подобрена, но нема многу полза од тоа, оти и натаму недостасува индустрија.

Во споредба на европско ниво, источниот дел на Германија како целина воопшто не стои лошо: „Тука степенот на индустријализација се’ уште е повисок отколку во Франција или Англија“, вели Линднер. Тој укажува дека во меѓувреме и во западниот дел има неколку региони кои исто така имаат проблеми со порастот. „Тоа е проблем на германската провинција, а не на Истокот. И во западниот дел забележувам големи дивергенции. Мораме да се навикнеме дека во Германија има региони, како Рурската област на пример, во кои порастот е слаб а невработеноста е повисока отколку во остатокот од Републиката“.

Краставиците од Шпревалд го преживеаја падот на Ѕидот, наспроти повеќето индустриски капацитети од источна Германија кои пропаднаа

Цените на недвижностите паѓаат

Еден придружен ефект на тие разлики се покажува на пазарот на недвижности. Додека во регионите на големите градови цената на метар квадратен вертикално расте, во источногерманската провинција има друг екстрем – плацови и куќи се продаваа и за само 100 евра за метар квадратен.

За продавачите тие цени не се толку драматични, оти многумина тие недвижности одамна ги отпишале и со години ги оставиле да руинираат. Некои се воздржуваат од итно неопходните инвестиции за објектите повторно да се доведат во употреблива состојба. Многу објекти се според стандардите на ГДР (Германската Демократска Република, некогашната Источна Германија – н.з.), некои дури со опрема од кајзерските времиња.

Меѓу тие продавачи спаѓа и Германската железница. Концернот на големо продаваше цели железнички станици за малку пари. Железницата по правило има потреба од само еден мал простор и ги користи пероните. Нив таа ги изнајмува од новите сопственици по фиксна, претходно утврдена цена. Предност за железницата е дека не мора да се грижи за скапото санирање. Тоа стана задача на новите сопственици.

Извор: DW

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Градоначалникот Бакрачески на прием во чест на Денот на германското обединување

Next Post

„Мојот живот,мојот свет“: Хулија Хилми

Next Post

„Мојот живот,мојот свет“: Хулија Хилми

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk