• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

DW: Дуќаните во Охрид и Струга чекаат зелено светло за да работат и во недела

мај 12, 2022
in Тикер
DW: Дуќаните во Охрид и Струга чекаат зелено светло за да работат и во недела

И струшкиот и охридскиот градоначалник се оптимисти дека пред стартот на летната сезона, туристичките места ќе бидат изземени од мерката „недела неработен ден“.

    
Пред почетокот на летната сезона, туристичките места се надеваат дека ќе бидат изземени од мерката „недела неработен ден“. По бројните реакции на дуќанџиите, општините и јавноста, дуќаните од Охрид и Струга наскоро се надеваат дека ќе ги отворат „кепенците“ и во недела, кога е најраздвижено низ чаршијата, поради напливот на туристи. Министерството за економија поднесе законски измени до Собранието за дополнување на Законот за трговија, а најавите се дека сите партии ќе дадат зелено светло за ваквите измени. Со тоа ќе се отвори можност во недела и за празници сите трговци на мало во туристичките места да можат да работат, за што ќе треба да платат 100 отсто дневница.
Nordmazedonien Ohrid

По бројните реакции на дуќанџиите, општините и јавноста, дуќаните од Охрид и Струга наскоро се надеваат дека ќе ги отворат „кепенците“ и во недела, кога е најраздвижено низ чаршијата

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко во изјава за ДВ вели дека очекува министерот за економија, Крешник Бектеши, да ја посети Струга, при што ова ќе биде една од главните теми за коишто ќе се разговара во пресрет на сезоната. Мерко се надева дека ќе слушне позитивна вест за „недела работен ден“,  што со нетрпение се очекува на охридското и струшкото крајбрежје.  

Дека се отвара пат за туристичките места да бидат изземени од мерката потврдува за ДВ и охридскиот градоначаник, Кирил Пецаков. Тој вели дека законските измени коишто се во Собрание ќе ја имаат поддршката од сите партии. 

„Поднесовме иницијатива заедно со угостителите, еснафот и здруженијата во однос на тоа Охрид да биде изземен од мерката. ВМРО- ДПМНЕ поднесе измени на законот којшто така предложен, за само после десетина дена СДСМ да поднесе измена на закон со иста содржина. Но, без оглед кој ги поднел измените, ние ќе ги поддржиме затоа што се важни за развојот на туризмот во пресрет на сезоната“, вели охридскиот градоначалник. 

Раздвиженсот во чаршијата

Во охридската чаршија веќе е доста раздвижено. За новините коишто се крчкаат наслушнале и дуќанџиите, коишто се надеваат дека уште оваа недела ќе можат да ги отворат вратите за туристите коишто зачестија по велигденските празници. Велат дека по долгата и тешка зима, во која што едвај врзуваа крај со крај, се надеваат дека летото ќе имаат повеќе посетители и ќе ги надокнадат загубите предизвикани од пандемијата, неработењето и слабата посетеност на туристите. Дел од нив во надеж дека мерката за недела неработен ден ќе се укине за туристичките места, воопшто и не ги променија натписите на влезните врати. На нив се уште стои дека работат од понеделник до недела, а дека во летниот период вратите ќе им бидат ширум отворени за туристите речиси до полноќ. 

Nord Mazedonien | Struga - Ohrid See

Иницијативите да се работи и во недела во туристичките места се актуелни веќе подолго време, а деновиве кон нив се приклучи и струшкиот градоначалник Размиз Мерко.

Иницијативите да се работи и во недела во туристичките места се актуелни веќе подолго време, а деновиве кон нив се приклучи и струшкиот градоначалник Размиз Мерко. Со оглед на тоа дека Струга е град кој зависи од летната сезона, неговиот став е дека неработен ден сериозно го загрозува и негативно влијае на локалниот економски развој. Општината бараше туристичкиот сектор, гастрономијата, кафе-баровите и дуќанџиите да работат во недела за време на престојната туристичка сезона и разбирање од Владата со цел да се најде прифатливо решение. 

-повеќе на темата: Критики за ефектите од недела – неработен ден: отпуштени работници, нарушено производство

Незадоволни беа и охридските дуќанџии. Од охридскиот еснаф на угостители повеќепати потенцираа дека нивниот сектор треба да работи токму за викендите, кога има туристи во охридско-струшкиот регион.  И охридската чаршија, како една витална жила во градот, очекува за време на викенд прилив на туристи за да заживее. Но, мотивацијата да се посети градот за викендите се повеќе опаѓа, „оти кој сака да шета низ чашијата во недела и да гледа само спуштени кепенци на дуќаните“.  

Nord Mazedonien | Struga - Ohrid See

Општината Струга бара туристичкиот сектор, гастрономијата, кафе-баровите и дуќанџиите да работат во недела за време на престојната туристичка сезона

Мерката стапи на сила на 1 јануари годинава, а беа најавени и ригорози казни за работодавачите коишто нема да ја почитуваат. Образложението на Владата беше дека со ова решение се штитат правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела. 

Извор: www.dw.com 

Посетеност: 101
Share
Previous Post

Реализиран Еразмус+ проектот “A Lonely Planet or Digitally Connected”

Next Post

Денес им е роденден: Лионела Јаковлева

Next Post
Денес им е роденден: Лионела Јаковлева

Денес им е роденден: Лионела Јаковлева

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 101

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk