• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

DW: Груевски сам ќе оди на избори, протести пред Собранието

мај 14, 2016
in Актуелно

Експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема законска основа за откажување на изборите на 5 јуни, и покрај тоа што само неговата партија ќе учествува на нив.„Катапулт“ на Шарената револуција вечерва пред Собранието

Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за изборите на 5 јуни и покрај најавениот бојкот од сите останати партии во Македонија и гласното неодобрување од меѓународната заедница.

Неколку часа по заминувањето на германскиот специјален пратеник Јоханес Хан од Македонија во петокот, Груевски во интервју за агенцијата Франс Прес изјави дека без оглед на протестите дома и надвор, избори на 5 јуни ќе има, а најверојатно по нив и уште едни.
„Во многу непријатна ситуација сме затоа што сме единствени од четирите големи партии кои ќе учествуваат на изборите“, изјавил Груевски во интервјуто водено во седиштето на неговата партија во Скопје.
Груевски, кој поднесе оставка на функцијата во јануари годинава по десет години на чело на владата, најавува дека по изборите на 5 јуни експресно ќе свика уште едни избори „за да им даде шанса на граѓаните да бираат“.
„Сакаме заслужена победа“, вели Груевски.

  •  

    ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ПРОДОЛЖУВА ПО УЛИЦИТЕ

    Трошите за чоколади, а ние немаме за леб!

    „Трошите за чоколади, а ние немаме за леб“, гласеше последниот транспарент кој се појави на протестите во Скопје, како парафраза на „славната“ изјава на министерот за финансии Зоран Ставрески. Демонстрантите потсетија дека земјата се задолжува по 15 евра секоја секунда

 

1234567

Нема друга начин, тврди Груевски
Експремиерот натаму објаснува дека е свесен оти меѓународната заедница не ги поддржува изборите на 5 јуни, но според него, нема друг начин.
„Генерално меѓународната заедница не поддржува избори на 5 јуни, но никој не успеа да пронајде уставен начин за одложување“, смета Груевски.
Во разговорот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се жали и дека земјата се потешко успева да го финансира ангажманот на полицијата и армијата на границата кон Грција, каде илјадници бегалци се уште се надеваат дека ќе успеат да го продолжат патот по ткн. Балканска рута. Груевски останува и на своето тврдење дека бил „изненаден“ од амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов. „Знам каква е перцепцијата во странство но времето ќе покаже кој бил во право“, вели Груевски.Продолжува #Протестирам

View image on Twitter

View image on Twitter

 

 Follow

BanAna ‎@Banankata

#протестирам

8:02 PM – 14 May 2016
  •  

 

  •  

     22 Retweets

 

  •  

     1212 likes

 

ДУИ- коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најави дека од понеделник ќе ја прошири . Вчера и Државната изборна комисија го информираше собранискиот спикер Трајко Вељаноски дека во неколку изборни единици има отстапување во бројот на гласачи за повеќе од 5 проценти. Вељаноски во меѓувреме замина во Рим каде ќе престојува до вторник.Пред Собранието вечерва продолжи Шарената револуција. Повеќе илјади граѓани бараа повторно свикување на парламентот со цел да се одложат изборите закажани за 5 јуни. Новина вечерва беше импровизираниот катапулт со кој граѓаните ја фарбаа собраниската зграда во боите на Шарената револуција.

View image on Twitter

View image on Twitter

 

 Follow

Ѓаволот #Протестира ‎@Gjavolot

Опали чатал!#протестирам

7:49 PM – 14 May 2016
  •  

 

  •  

     3131 Retweets

 

  •  

     7070 likes

Протестот заврши пред зградата на Владата пред која демонстрантите испишаа „Владо мори душманке“.

Извор: www.dw.com

Посетеност: 123
Share
Previous Post

ПНВ Публикации и Публицитет.мк наградија пет читатели со Романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска

Next Post

DW: Во Македонија бавно, со брзина на велосипед, стигнуваат патеките

Next Post

DW: Во Македонија бавно, со брзина на велосипед, стигнуваат патеките

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk