• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

DW – Повеќе од 13 илјади Македонци живеат во модерно ропство

мај 31, 2016
in Актуелно

Македонија е на европскиот врв според процентот на граѓани кои живеат во т.н. модерно ропство. Вкупниот број на модерни робови во земјата се проценува на 13.300 луѓе, објави Глобалниот индекс на ропство.

Според проценките на експертите за човекови права, во светот речиси 46 милиони мажи, жени и деца живеат во модерно ропство. Проценките се изнесени во „Глобалниот индекс на ропство 2016“ кој го објавува австралиската фондација „Walk Free Foundation“.

На светскиот врв е азиско-пацифичкиот регион со 30,4 милиони луѓе кои работат или живеат во услови на ропство. Најмал е бројот во Европа- 1,2 милиони. Само во Индија, околу 18 милиони луѓе се сметаат за робови.

Проценките се вршени според севкупниот број на луѓе по земји кои живеат во модерно ропство, како и според процент од вкупното население. Во тој поглед, земја со најголем процент на робови е Северна Кореја- 4,4 проценти од населението.

Гана: илјадници деца работат во рибната индустрија

За модерно ропство се смета состојба на експлоатација од која некое лице не може да избега поради закани, насилство, принуда, злоупотреба на моќ или измама. За модерно ропство, на пример, се смета кога луѓе се држат во должничко ропство, како домашни слуги или заробени во бордели. Во проценките се вклучени и жртвите на трговијата со луѓе, како и принудните бракови.

Во Европа, според процентот на модерни робови од севкупното население, Македонија е на врвот. Проценките на организацијата се дека 0,64 отсто од населението на земјата се третираат како робови. Со тоа, земјата го зазема и високото 18. место на листата на која убедливо води Северна Кореја. Околу Македонија, со сличен процент од населението на листата се Колумбија, Мароко, Перу, Венецуела, Јордан, Танзанија и Ангола. Прва следна европска земја на листата е Полска, на 24. место, а од регионот најблиску е Босна и Херцеговина со процент од 0,46 отсто модерни робови од вкупното население.

Вкупно, се проценува дека околу 13 илјади луѓе во Македонија живеат како робови.

Извор: www.dw.com

Посетеност: 88
Share
Previous Post

Падна првата клапа од омажот посветен на Живко Чинго

Next Post

Дуален модел на учење за квалификувана работна сила

Next Post

Дуален модел на учење за квалификувана работна сила

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk