• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

DW:Загриженоста на Германија за Македонија прејде во „екстремна“

мај 23, 2016
in Актуелно

Германското Министерство за надворешни работи повторно порача дека очекува брзо решение за политичката криза во Македонија, кое ќе овозможи организирање на нови парламентарни избори. Трпението е при крај!

Германската дипломатија се јави со нова градација во однос на загриженоста за состојбата во Македонија. Државниот министер Михаел Рот денеска од Брисел порача дека Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“. Притоа, тој наведе два услова кои земјата итно мора да ги исполни: создавање услови за демократски и слободно избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати“, порачува Рот.

Состојбата во Македонија денеска на инсистирање на Германија е ставена на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„Македонија повеќе не смее да се оддалечува од Европа, туку мора да се врати назад на патот на приближувањето кон ЕУ“, рече Рот.

Минимален услов на тој пат треба да биде „одржувањето на демократски и слободни избори“ и непречена работа на Специјалното обвинителство, кое треба да ги истражи сомнежите за злоупотреби од страна на владата.

Ова е уште една во серијата изјави од германското МНР во однос на состојбата во Македонија, која досега постепено беше оценувана како „загрижувачка“, „многу загрижувачка“ до денешната оценка на Рот за екстремна загриженост.

Пред две недели, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер го именуваше и амбасадорот во Виена, Јоханес Хајндл за специјален пратеник во земјата. Хајндл, во меѓувреме, веќе двапати ја посети земјата.

Извор: www.dw.com

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Ревија од кинески филмови во Охрид

Next Post

Во „Билјани Извори“ се одржа меѓународниот кошаркарски турнир АВ ОХРИД 2016

Next Post

Во „Билјани Извори“ се одржа меѓународниот кошаркарски турнир АВ ОХРИД 2016

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk