Да се биде во Битола за време на одржувањето на фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“,тоа значи да се биде дел од културна манифестација од меѓународен карактер која оваа година се одржува по 38 пат.
А на фестивалот …се знае: Неизбежниот црвен килим ,проекции на филмови, прес конференции , промоции , презентации , средби со директори на фотографија, актери, режисери, разговори,кафе муабети, прошетки по Широк Сокак, вечерни дружења со многу музика…Што би рекле вистинска фестивалска атмосфера …
А што е Битола без Широк сокак…
Ако одам во Битола,ќе прошетам по Широк сокак…
Неизбежниот фестивалски црвен килим..
Првата прес конференција на годинешниот 38.Фестивал на филмската камера со творците на филмот „ Насоки“ на режисерот Стефан Командарев, бугарско –македонско-германска копродукција, со кој во саботата на 23. септември, беше отворен годинешниот фестивал чиј директор на фотографија Веселин Христов(трет од десно) се натпреварува во главната програма со останатите 12 натпреварувачи …
Мастер класа посветена на творештвото на добитникот на Наградата за животно дело Големата Златна Камера 300 – Џузепе Пепино Рутино, од страна на неговиот студент,сега искусниот кинематографер Лука Коасин, кој еден ден порано ја прими наградата во името на 94 годишниот добитник од рацете на председателот на Република Македонија , инаку покровител на фестивалот, д-р Ѓорѓе Иванов…
Изложба на оригинални филмски плакати на македонски играни филмови во влезниот хол на центарот за култура по повод доделување на наградата „Голема ѕвезда на Македонскиот филм“ од страна на Друштвото на филмските работници на Македонија на продуцентот „ Вардар филм“ (кој веќе не постои) а по повод седумдесет години од неговото создавање…
Ново изграденото кино „Манаки“, кое се гради уште од 2013 година , и оваа година не ги удостои љубителите на филмот да одгледаат некој филм од програмата на годинешниот филмски фестивал. Според последните најави тоа можеби ќе се случи следната 2018 година…
Фестивалот завршува во петок на 30.септември со доделуање на наградите (златна, сребрена и бронзена камера 300) на најдобрите од главната натпреварувачка програма . На затворањетои на фестивалот ќе биде прикажан францускиот филм „Нека влезе сонцето“ на режисерката Клер Денис.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк