Во култната „Летница“ некогаш ( а и сега за оние носталгичните ) главното сврталиште на охриѓани и гостите НА МИНУВАЊЕ во лаф муабет за некогаш и денес ги фативме браќата Енвер и Мики Рашити, едниот од Загреб, другиот од Њујорк, обајцата родени во Охрид,
младиот Јован Поп Стефанија од ансамблот „Билјана“, докторот Миле Груев и нашиот филмски критичар Ѓоко Симјаноски. Муабетите кои се „вртеа“ беа интересни за сите. Тие се пример како се гради и чува пријателството и како далечината не им значи ништо. -Секоја средба и разговор продолжува, како да сме биле заедно секој ден, вели Енвер.