Со натпреварите за трето и прво место, одиграни синоќа заврши годинешното издание на „Бизнис лигата во мал фудбал“.
Тимот на ЛТХ Леарница синоќа славеше, победувајќи го „Жито Леб“ со 2-0 со што го освои првото место во лигата. Фудбалерите на „Жито леб“ се втори. Во борбата за третото место по изведување на пенали екипата на х. „Метропол“ ја победи екипата на ЈП „Охридски Комуналец“ со резултат од 3:1 – регуларниот тек на натпреварот заврши нерешено 1: 1.

Бизнис лигата во изминатите два месеци понуди многу интересни натпревари, потези, голови,одбрани и фер плеј однесување. ЈП „Билјани Извори“ како организатор на лигата ги обезбеди наградите за најдобрите екипи а беа наградени и најдобриот играч, голман и стрелец: Љупчо Митрески, Наум Џалески и Горан Битолкоски. На Наум Шапкароски му беше врачена посебна награда за фер плеј однесување и спортување во шестатта деценија од животот.






-Успешната организација и задоволството на сите учесници кое го изразија синоќа а и за време на натпреварите ни дава за право уште сега да се подготвуваме за наредното издание и на таков начин да воспоставиме традиција во организирањето на „Бизнис лигата во мал фудбал“ во Охрид. Годинава беа вклучени 12 компании кои одлучија на своите вработени, преку учеството во лигата , да им понудат поинаков начин на дружење и рекреација. ЈП „Билјанини Извори“ јавно им се заблагодарува на сите учесници и компании за нивното учество и уште од сега им го најавува следното издание на Бизнис лигата кое го планираме да започне во месец октомври и да трае неколку месеци, вели вд. директорката на ова ЈП м-р Гордана Јованоска.

Благодарност и до Општинскиот фудбалски сојуз и на Фудбалската федерација на Македонија кои сесрдно го помогнаа одвивањето на „Бизнис лигата во мал фудбал“.