Лазо Наумоски, дипл. инж. агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид се огласи со свое обраќање до претставниците на политичките партии од Македонија, независно од етничката припадност, како и до претставниците од централната и локалните власти. граѓаните и сите граѓански здруженија и медиуми од Р. Маледонија, во кое се вели:
Како претседател на еколошкото друштво Грашница од Охрид во периодот 2000–2004 година, и како член на Извршен одбор на ДЕМ, работев и покажав големи активности од областа на:
– еколошка заштита на градот Охрид и Охридско Езеро кои од далечната 1980 год. се под заштита на УНЕСКО
– еколошка заштита и економски развој на цело сливно подрачје на Охридско Езеро
– како иницијатор за мониторинг на риболовот на Охридско Езеро, во 2004 година се стопира истиот за да се спаси охридската ендемична пастрмка од истребување.
Секогаш моите активности имаа пошироко гледање за еколошките и економските проблеми во Југозападниот регион на Р. Македонија.
Секогаш проблемите од екологијата и економскиот развој на Р. Македонија ги разгледував, анализирав и доставував до ЕУ, односно нејзините фондови за побрзо нивно прифаќање и решавање.
За мене како одговорен екологист и експерт по аграр и екологија, државните, проблемите на градот Охрид и целото сливно подрачје секогаш имаа предност за нивно решавање, пред моите лични проблми.
Благодарение на ваквите мои активности за градот Охрид и Охридското Езеро со неговото сливно подрачје во 2004 год. бев поканет да присуствувам на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој кое се одржуваше во Лондон.
Од оправдани финансиски причини не можев да присуствувам на состанокот, но моето мислење преку е–маил го доставив до Европската банка за обнова и развој која функционира како институција на ЕУ, пишува во обраќањето екологистот Наумоски.
Публицитет.мк