Спомен-обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура експресно беше исчистена од исписите кои непознати сторители ги направиле.
-Спомен плочата беше испишана со разни броеви и симболи, непочитувајќи ги вредностите препознатливи за нашиот град. Експресната реакција на ЈП Градски гробишта Охрид ја исчисти спомен плочата и го врати нејзиниот сјај, информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
Охридскиот градоначалник во име на општината замолува и апелира, да се почитува културното наследство на градот.
-Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата кои се значајни за нашата култура, народ и нашата држава, вели Георгиески.
Извор:Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески