ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите корисници на електронски картици издадени од Општина Охрид дека електронската рампа во близина на споменикот Фаќач на крст е во функција. За жал електронската рампа еден период не беше во функција за што се извинуваме и им благодариме на сите за разбирањето, велат од претпријатието.
Исто така ЈП „Билјанини Извори“ ги замолува сите корисници на електронските картици да не ги злоупотребуваат истите и да се придржуваат кон насоките од ЈП „Билјанини Извори“ и правилата за користење на истите.
За секоја злоупотреба, електронската картица ќе биде блокирана и корисникот нема да има право да ја обнови.
www.biljanininiizvori.com.mk