Кога сликата е посилна од зборот.
Вечерва околу 21 часот нашиот соработник од Струга Славчо Попоски ги направи овие фотки од истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим.
Од нив може да се забележи огормна разлика од вчерашната состојба. Вода протекува само од два испусти, другите се затворени – капаците се спуштени.
ЕЛЕМ сепак ги послуша реакциите и апелите на граѓаните упатени до нив преку социјалните мрежи и медиумите да престане со целосна експлоатација на водата од езерото.
Публицитет.мк – вчера обајви – да се потсетиме како вчера попладнето изгледаше истекот на езерото во Струга. Фотографиите се на Дејан Пановски.
Секако проблемот со нискиот водостој со ова не е решен, туку само малку ублажен.
Публицитет.мк