Наскоро Сузана Спасовска – Национале, Благоја Грујовски, Милица Кузмановска и Ибуш Ибраимовски заминуваат за Австралија, таму ги чека голема турнеја.
Според главниот организатор на турнејата Васко Ангелоски, претседател на Социјалното друштво „Свети Наум Охридски“од Мелбурн популарните интерпретатори ќе бидат придружувани од познатата музичка група МАКЕДОНСКИ БИСЕРИ. На први и втори јули концертите се во Мелбурн од кои вториот е познатиот и прочуен дури до Македонија Охридски добротворен бал. Естрадната експедиција ќе патува на 8 јули за Волонгонг а следниот ден – деветти јули ќе имаат концерт во Сиднеј. Петровденското сретсело ќе се одржи на 10 јули на отворено на познатиот стадион на Алтона Ваедар . Последните два настапи се на 15 и 16 јули во Камбера и Перт.

Сузана, Благоја, Милица и Ибуш за Публицитет.мк велат дека ќе дадат се од себе за успешно да се претставата пред македонско – австралиската публика, впрочем и досега тие во неколку наврати заедно или поединечно биле во Австралија .
Со оглед на тоа што Публицитет.мк се чита и во Австралија, впрочем Интернетот го прави достапен на секоја точка на планетата , читателите од Австралија од плакатот можат конкретно да се информираат за тоа како да стигнат да резервираат билети за најавените спектакуларни концерти.
Публицитет.мк






