Изминатата 2021-ва не беше лесна, но човекот има неверојатна моќ да ги заборава побрзо неубавите нешта и во сеќавањата, во преден план, да биде убавото. Што беше она што ме насмеа?
Па, јас не би издвоила една работа, туку постојаните мали причини за насмевка. Не смее да помине ден без насмевка – тоа е мојата девиза. А, најмногу среќа ми донесе дипломирањето на ќерката и повторната средба со родителите и брат ми и неговото семејство – по цела година и половина повторно се гушнавме, заедно се смеевме и уживавме во миговите, за кои оваа пандемија ни покажа колку се всушност скапоцени.
На крајот на годината кај мене во сеќавање се многуте дружби со пријателите, дома, во опуштена атмосфера, со многу добра храна, музика и смеа. Ние сме семејство кое со задоволство прави седенки на кои се јаде до изнемоштеност, се танцува и пее Иако не сме некои таленти за пеење, пееме со срце. Еве од мене, на крајот на годината не една, туку две песнички – со првата, хитот на Ed Sheeran „Bad Habits“, постојано пеам гласно додека возам, а втората, Sway, која мене ми се допаѓа во инструменталната верзија на Hauser, е класика со која ве повикувам да се нишаме во ритамот на музиката и така да ја дочекаме 2022! Наздравје
Публицитет.мк