Во тек е потпишување петиција за поправеден, почист и потранспарентен енергетски систем за регионот на Југо-Источна Европа.
Петицијата е предвидено да биде доставена до Министрите од регионот на Југо-Источна Европа надлежни за енергија на нивниот состанок на 16-ти Октомври оваа година во Тирана.
Целта е да се соберат вкупно 100000 потписи од регионот, од кои 10500 потписи треба да бидат од Македонија.
Организатори на петицијата за Македонија се Еко-свест, Аналитика и Фронт 21/42.
Организатори на петицијата за регионот се вкупно 17 организации кои делуваат во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора (земји членки на Енергетската Заедница
Енергетскиот систем во Југоисточна Европа е корумпиран, валкан и неефикасен: за ова постојат огромен број на несомнени докази.
Овој 16-ти октомври, министрите од регионот, кои се одговорни за енергетските политики, ќе се сретнат во Тирана, Албанија, за да ги договорат реформите на Енергетската заедница, каде припаѓаат сите земји од регионот. Сега имаме шанса да побараме од нашите лидери енергетски систем кој е поправеден, почист и поефикасен.
Ги повикуваме владите во Југоисточна Европа и Европската Комисија да го направат она што може и треба да го направат, и тоа веднаш:
● Да инвестираат многу повеќе во енергетската ефикасност на домовите, што ќе им помогне на граѓаните да ги намалат своите сметки за енергија!
● Да ги исчистат корумпираните енергетски системи со тоа што ќе обезбедат истрага и кривично гонење за учесниците во случаите на корупција, на тој начин охрабрувајќи нови одговорни инвеститори!
● Да ги усвојат и исполнат целите на ЕУ за борба против климатските промени сега, со финансиска поддршка од ЕУ!
Да нема никаква заблуда – дури и да нема ЕУ агенда, било која разумна влада која го посакува најдоброто за своите граѓани, нивното здравје и економијата, би ги спровела овие активности без одлагање.
Петицијата ќе биде поднесена до Советот на Министри на Енергетската заедница на 16. Октомври во Тирана, Албанија!
Поддржете ја акцијата со потпишување на петицијата, порачуваат од Екосвест, Аналитика и Фронт 21/42.
Публицитет.мк