Вечерва од 20 часот и 30 минути во Вараждин македонските ракометари втората, фаза од Европското првенство во ракомет ќе ја започнат со бодовна предност пред останатите тимови.
Македонија ќе игра против селекцијата на Шпанија.
Шпанија е фаворит, но вечерва ќе треба да се соочи со нивниот Раул Гонзалес, кој е селектор на македонската репрезентација.
Во втората група Македонија има 3 поени пренесени од првата фаза, Германија пренесува 2 поени, а Словенија 1. Од групата Д, селекциите на Шпанија, Данска и Чешка доаѓаат со по 2 поени.
Тоа значи дека нашите ракометари се први на стартот на втората фаза, што отвора реални шанси за освојување на едно од првите две места, што значи пласман во полуфиналето.
Публицитет.мк