На музичката сцена сум повеќе од 20 години, но во последната година освен ангажманите во ансамбл Танец, каде сум вработен како кавалџија се посветив и на градење на соло кариера, вели Сашко Митев за Публицитет.мк и додава:
-На почетокот на 2020 излезе моето првенче, песната “Подгорија” заедно со видео запис, а еве сега сум со нова песна”Ергенски живот”, за која исто така е направен видео запис. Песната ја посветив за еден убав период од мојот живот, за малдоста, за момите, кафаните, серенадите со гитарите, период од животот што кај секого од нас буди убави спомении ги разнежнува нашите срца. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката и барем за миг секј ќе се пронајде во неа. Музиката, текстот и аранжманот се лично мои, а во реализацијата на аудио и видео записот учествуваат, Хармоника – Марјан Богоевски, Виолина – Кирил Митановски, Гитари – Марјан Јованов, Тамбура – Златко Димитриоски, ударни Дарко Младеновски. Снимена е во Студио Ситѕ Соунд – Скопје. За видео записот беше ангажиран Студио ЛУМА – Струмица. Статисти членови на Ансамбл “Тримери” од Струмица како и моите другари од моето детство па се до денес.
Публицитет.мк