Шеесет и осмото издание на фестивалот на италијанската канцона се одржа традиционално во театарот Аристон од 6 до 10 февруари, порано од минатата година.
Победниците на САН РЕМО Ермал Мета и Фабрицио Моро “Non mi avete fatto niente” – НИШТО НЕ СИ МИ НАПРАВИЛ годинава ќе ја претставуваат Италија на Песната на Евровизија во Потругалија.
Дуото за малку уште првата вечер по настапот во квалификациите ќе било елиминирано за наводен плагијат, но остана во трката и победи. Песдната има опшетсвено – социјални пораки и ангажиран текст. Дуото сите пет дена доби најмногу гласови од публиката, жирито, новинарското жири и од 300 делегирани музички познавачи и фанови.
Ни годинава не изостанаа полемиките , но имаше и доста пофалби на адреса на водителите и пејачите. Секако, никогаш сите не може да се задоволни. Гламурот и шоу програмата и годинава беа белег на САН РЕМО и РАИ.
Публицитет.мк