Едно од најубавите годишни времиња секако е есентта , пред се’ заради својата колоритност која за уметничките душички од повеќе уметности преставува вистинска инспирација. Кога би почнале да се потсетуваме на филмовите, уметничките дела, фотографиите, песните… кои се создадени на темата есен , сигурно затоа би ни требало многу време и простор.
Затоа се ограничуваме на музиката за да се потсетиме на една песна од , сега веќе, далечната 1977 година. Се работи за композицијата „Есенска роза“ за која музиката ја напиша Славе Димитров а текстот Ѓоко Георгиев.Овој битолски тандем ја создадоа песната која беше дел од Скопскиот фестивал на забавна музика во 1977 година а која ја изведе групата „Македонија“.
Групата „Македонија“ како квинтет беше формирана 1976 во Скопје.Членови на групата „Македонија “беа: Кирчо Поп Лазаров,Панче Кочовски,Даниела Панчетовиќ,Верица Ристевска и Зорица Поп Панкова.Претходно во групата во првата постава пееше и Сашка Петкоска, а едно време и Марина Пухариќ.
Групата постоеше до 1980 година и за тој период одржаа голем број концерти. Освен тоа тие со голем успех настапија на Сплитскиот Фестивал, Скопскиот Фестивал, Белградска пролет, Ваш шлагер на сезоната и ред други.
Групата сними 2 студиски албума за дискографската куќа Југотон во кој има 10-тина синглови како:„На пусто острово“, „Ѕм ѕм ѕм“,„Сос“, „Има една мома’, „Дал да ти кажам“,„Малечка вселена“, „Љубов далечна моја“, „Се е тажно“, „Пролет’, „Око мое зелено“, „Есенска роза “ и др.
Цел свенат лист, и со тажен здив,
дојде есен, маглив, студен, жал.
Но еден цвет,
в срце јас го сокрив
за да ми цвета тој
во сите мои летаЦветај ми цветај јас сум сам,
а ти си мојот заден плам,
од таа пролет до оној мај,
ти носиш сјај,
и за песни и за смев,
за таа лудост – мојот грев,
за се што немам сега во овој час.
и за песни и за смев,
за таа лудост – мојот грев,
за се што немам сега во овој час.
Цветај ми цветај јас сум сам,
а ти си мојот заден плам,
од таа пролет до оној мај,
ти носиш сјај,
и за песни и за смев,
за таа лудост – мојот грев,
за се што немам сега во овој час.
Прекрасен текст напишан од познатиот радио водител и текстописец Ѓоко Георгиев кој успеа да создаде над 3000 текстови за песни од кои голем дел и за композициите на неговиот сограѓанин Славе Димитров.
Потсетување на песната „Есенска роза“ во изведба на групата „Македонија“која денес преставува вистински музички евергрин.
Пиѓува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк