Есента на северната хемисфера на Земјата а со тоа и во Македонија ќе пристигне денеска во 16 часот 22 минути. Во тој миг на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.
Есента ќе трае 91 ден, до 21 декември во 11 часот и 44 минути кога настапува зимата.
Според метеоролозите првиот есенски ден ќе помине со облачно време и повремен ветер. Максималната температура ќе достиге до 23 степена.
Публицитет.мк