Публиката пееше заедно со изведувачите. Прекрасен музички времеплов се случи синоќа во Охрид, ваква е оценката на организаторите на концертот „Незаборав“ на кој во центарот на вниманието беше специјалниот гостин маестро Зоран Џорлев со неговата виолина.
Љубителите на старата македонска чалгиска песна уживаа и во настапите на младите охридски поддржувачи и продолжувачи на овој вид музика и песна Ансамблот „Билјана“ и оркестарот на Фолклорниот ансамбл „Бисери“.
Малата сцена на Центарот за култура„Григор Прличев“ се покажа како соодветно место за етно вечерта.
Така изведувачите и публиката можеа обострано да си ги почувствуваат позитивните вибрации и енергијата.
Маестро Џорлев подолго време соработува со младите наследници на ансамблот „Билјана“, изразил желба за соработка и со Фолклорниот ансамбл „Бисери“, воодушевен од тоа како и младите во Охрид ја продолжуваат традицијата.
Публицитет.мк