Еврокомесарот Јоханес Хан најави посета на Македонија во средината на септември, за да провери лично како се остваруваат потребните реформи и, ако треба, да притисне околу нив, пренесува Утрински весник, повикувајќи се на интервју за „Еуроактив“.
Дали посетата ќе се случи пред рокот за именувањето на специјалниот обвинител или потоа, тој не прецизираше, пишува весникот, но намерата очигледно е да го осигури остварувањето на политичкиот договор од Пржино, кој влегува во клучен момент.
Претходно, еврокомесарот најави одржување и на дијалогот на високо ниво со македонската влада во септември, но дали оваа посета ќе биде дел од тој редовен календар или ќе биде вонредна, не се знае во моментов, пишува Утрински весник.
http://emagazin.mk/vesti/vest/12377
Извор: еМагазин.мк