• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, мај 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Европски летни фестивали (2) – 21.МОТОВУН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ (24 – 28.7.2018)

јули 21, 2018
in Филмољубие
Европски летни фестивали (2) – 21.МОТОВУН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ  (24 – 28.7.2018)

Еден од најинтересните летни  филмски фестивали во вистински смисол од зборот секако е филмскиот фестивал  во Мотовун ,кој се одржува под отворено небо во средината на летото.

      capture 20180721 143443                      

365 дена во годината малечкото средновековно градче Мотовун  (Хрватска)е оаза на мирот, но пет дена од годината во него врие како во кошница . Покрај неколкуте стотина постојани жители , во ова градче доаѓаат и до 10000 посетители . Тоа се случува за време на одржувањето на Мотовун филмскиот фестивал , еден од најомилените и најпопуларните во Хрватска и регионот. Волшебството и особеноста на фестивалот се проекциите на отворено , на улиците и плоштадите на стариот град. Токму заради проекциите во единствениот амбиент , новинарите често пати на фестивалот му дале име „ Кино Парадизо“.

                

                 capture 20180721 143608

Фестивалот, да се потсетиме, е основан во 1998 година од страна на група на професионалци ,режисери, продуценти и студентни на филм, како одговор на тогашната апсолутна доминација на холивудскиот филм во кино салите.Првата проекција на новиот фестивал била  одржана на 10 август 1999година . Бил тоа немиот филм на Аки Каурасмаки “ Супа“, со клавирска придружба во живо во старото кино кое со години било затворено , кое за потребите на фестивалот било возобновено.Токму тој ден ниту во едно друго кино во Хрватска не се прикажувал ниту еден неамерикански филм, и новиот фестивал всушност бил одговор на таквата ситуација.

Мотовун филмскиот фестивал токму затоа својата програма ја темели на филмските приказни кои доаѓаат од сите страни на светот , во поголем  дел од независни продукции и помалку познати кинематографии . Мисијата на фестивалот е да ја подржи различноста  – што повеќе различни приказни , од различни земји со различни естетики .

               capture 20180721 143708

„Овде налетав на кино под ведро небо за кое тврдат дека  овозможува совршено доживување на гледање на филмови на 277 метри над реалноста“ќе рече за фестивалот еден од најпознатите  режисери Кен Расел.

А во Мотовун досега гостувале навистина голем број на познати имиња од светот на филмот како: Душан Макавејев, Ерланд Јозефсон, Биби Андерсон, Рајко Грлиќ, Франо Ласиќ, Реља Башиќ, Џејми Бел, Звонимир Берковиќ, Џејсон Бигс, Стивен Далдри, Богдан Диклиќ, Срѓан Карановиќ, Бранко Ѓуриќ, Срѓан Драгојевиќ, Милена Дравиќ, Мира Фурлан, Мики Манојловиќ, Горан Марковиќ, Дарко Митревски, Павел Павликовски, Ванеса Редгрејв, Раде Шербеџија…

Во почетокот  фестивалот во Мотовун бил замислен како ненатпреварувачки. Меѓутоа спротивно  на првобитните заложби  на организаторите , случувањата  се развивале  со својата сопствена логика . Така Моптовун  филмскиот фестивал од година во година додавал нови награди.

                   capture 20180721 143824

Моментно, главната награда на фестивалот е „ Пропелер на Мотовун“ , која ја доделува меѓународно жири  на најдобриот филм во главната програма.

Награда „ Фипресци“ која ја доделува најстарото и најугледно здружение  на филмските критичариод 50 земји од светот.Овој фестивал е 37 на списокот на угледни филмски фестивали на кои се доделува оваа награда.

Наградата „ Маверик“ која му се доделува на автор кој со својата индивидуалност , слободен дух и иновативност ги ширеле и ги шират границите на филмскиот израз. Наградата  се доделува од 2008 година.

Награда „ 50 години“ им се доделува на луѓе кои повеќе од пет десетлетија им посветиле на работа во филмот и со тоа оставиле силно влијание и неизбришлива трага во развојот на филмската уметност.

Оваа година фестивалот се одржува по 21 пат.Во главната натпреварувачка програма ќе бидат прикажани вкупно 21 филм кои доаѓаат од сите страни на светот.Меѓу нив ќе се најдат три хрватски филмови чија заедничка поврзаност се темите кои ги третираат а за кои хрватското општество избегнува да говори, било да станува збор за национализмот и ксенофобијата, неказнетите злочини или за неразјаснетите воени епизоди или пак за младите кои се изгубени на преминот од младоста во возрасноста.

                              capture 20180721 143952                

Меѓу нив е и документарниот филм „Србенка“ на режисерот Небојша Слјепчевиќ кој на фестивалот во Мотовун ќе ја има својата хрватска премиера.Фестивалот ќе биде затворен со прикажувањето на хрватскиот филм „ Алекси“ на режисерката Барбара Векариќ во кој главните улофи ги толкуваат Тихана Лазовиќ, Неда Арнериќ,Аљоша Вучковиќ и Горан Марковиќ.

Меѓу филмовите од главната програма се наоѓа и филмот „ Дрвото на дивата круша“ на познатиот турски режисер Нури Билге Челјан во кој како копродуцент учествува и Македонија. Инаку филмот премиерата ја имаше на годинешниот кански филмски фестивал.

Во програмата се наоѓа и црногорскиот филм „ Мрзливко“ на режисерот Алекса Стефан Радуновиќ кој  се занимава со проблемите на еден млад човек кој е разведен и кој заради тоа што е невработен не може да ја плаќа алиментацијата за своето дете заради што не може да се види со него.

Годинешното жири кое ќе ги оценува филмовите е предводено од германскиот режисер и актер Себастијан Шипер.

Годинешниот фестивал ја содржи и програмата БЕРЛИН ВО МОТОВУН која содржи три подпрорами:БЕРЛИН НОЌЕ во чии рамки ќе бидат прикажани четири филма меѓу кои и филмот „ Викторија“ на режисерот Себастијан Шипер(председателот на годинешното жири)., потоа програмата ФИЛМОТ МОРА ДА БИДЕ ОПАСЕН која содржи шест филма и програмата НЕБОТО НАД БЕРЛИН во чии рамки ќе бидат прикажани девет филма направени од најпознатите германски режисери.

Фестивалот ја содржи и програмата на кусометражни филмови (вкупно 25 од меѓународен карактер и 13 од хрватски автори)

                capture 20180721 144124

Ова лето на Мотовунскиот рид ќе се искачи еден од најинтригантните филмаџии на денешнината. Тоа е шведскиот режисер Рубен Остлунд кому ќе му биде врачена наградата МАВЕРИК  која е наменета на авторите кои со својата индивидуалност и иновативност ги шират границите на филмскиот израз. Како што е познато овој 44 годишен автор изминатата година со филмот „ Квадрат“ ја освои наградата Златна палма во Кан а беше номиниран и за наградата Оскар во категоријата најдобар странски филм.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 53
Share
Previous Post

До 28 јули Трпејца е отворена сцена за настаните од седмото „На зајдисонце“

Next Post

Утре – сенародна слава, во славна Дебрца

Next Post
Утре – сенародна слава, во  славна Дебрца

Утре – сенародна слава, во славна Дебрца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 53

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk