Во предвечерието на доделувањето на најпрестижните филмски награди ОСКАРИТЕ ,за кои оваа година сме особено заинтересирани и со голема возбуда го очекуваме утрешниот ден (заради двете номинации за Оскар кој ги има македонскиот документарен филм „ Медена земја“), ќе ве запознаеме со добитниците на неколку филмски награди кои ги доделуваат Академиите за филмска уметност или здруженија на критичари во повеќе европски земји.
Сите тие награди ги вреднуваат вредностите на филмските остварувања кои биле создадени во текот на изминатата 2019 година.Со дел од нив ќе ве запознаеме во овој напис.
ФИЛМСКИ НАГРАДИ „ ГОЈА“
Наградите Гоја преставуваат главни годишни филмски награди во Шпанија.Наградите се востановени во 1987 година од страна на Шпанската Академија за филмска уметност и наука. Првата церемонија на доделувањето на наградите Гоја е одржана на 16 март , 1987 година во театарот Лопе де Вега.Во 2000 година церемонијата се одржа во Барселона во Барселона аудиториумот.Во досегашната историја на оваа награда церемонијата на доделувањето е искористена за искажување на политички ставови на поедини партии. Од 2001 година церемонијата се одржува во Конгресниот Центар во Мадрид кој од 2013 година го носи името на Принцот Филипе и се одржува секоја година кон крајот на јануари или февруари.
Оваа година церемонијата се одржа во на 25 јануари по 34 ти Паласио де Депортес Хозе Мариа Мартин Карпена во Малага а домаќини на церемонијата беа, втора година по ред телевизискиот презентер и комичар Андреу Буенафуанте и актерката Силвија Абрил.Ова беше втор пат по ред церемонијата на доделувањето да се одржи надвор од Мадрид.Минатата година церемонијата се одржа во Севиља.
Наградата е мала бронзена биста со ликот на Франциско Гоја создадена од страна на скулпторот Хозе Луис Фернандез.
Наградите Гоја се доделуваат во вкупно 28 категории вклучувајќи ја и Почесната награда Гоја. За секоја награда се номинираат по четворица кандидати за секоја категорија.
Награди Гоја се доделуваат во скоро истите категории како и Оскарите со тоа што има уште и категорија Најдобар европски филм како и категорија Најдобар странски филм на шпански јазик, категорија која ги покрива филмовите од Јужна Америка во кои се говори на шпански јазик.
И веднаш да кажеме дека најголем број на награди оваа година ,освои филмот на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „ Болка и слава“кој освои награди во вкупно седум категории: За најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер (Антонио Бандерас),фотографија,сценарио, најдобра оригинална музика, најдобра споредна женска улога (Џулиета Серано), и најдобра монтажа.
Да се потсетиме овој филм е меѓу петте номинирани филмови за оскар во категоријата „ Најдобар меѓународен филм“.
Алмодовар при добивањето на наградата рекол:„ Сватив дека пишувам за себе и минатото и не бев сигурен дека треба да продолжам и да се отворам до тоа ниво, но го направив тоа и сега сум среќен“.
Интересно е да се спомене дека на Антонио Бандерас ова му е за прв пат да ја освои оваа престижна филмска награда по пет номинации кои ги имал досега.
Филмот „ Додека трае војната“, кој имаше најмногу номинации (17)освои само пет награди и тоа во техничките награди.
Наградата за најдобра женска улога и припадна на актерката Белен Куести за филмот „ Бесконечен ров“.
Наградата а најдобра машка споредна улога му припадна на актерот Едуардо Фернандез за улогата во филмот „ Додека траеше војната“.Интересно е да се спомене дека наградата за најдобра нова актерка ја освои 84 годишната актерка Бенедикта Санчез , за улогата во филмот „ Огнот ќе дојде“ на режисерот Оливер Лаксе.
За најдобар странски филм на шпански јазик наградата му припадна на аргентиско шпанскиот фил„ Херојски губитници “ а за најдобар европски филм беше прогласен францускиот фил „ Клетници“.
Почесната награда Гоја и беше врачена на актерката Пепа Флоре „ Марисол“.
ФИЛМСКИ НАГРАДИ „ БАФТА“
Да се потсетиме,наградата Бафта преставува годишна филмска награда која ја доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност која е основана во 1947 година како Британска филмска академија о страна на Дејвид Лин, Александар Корда, Керол Рид, Чарлс Лејтон, Роџер Манвел и други. Во 1958 година Академијата се спои со еснафот на телевизијата и се направи здружение на филмот и телевизијата , кое пак од 1976 година опстојува како Британска академија за филмска и телевизиска уметност. Денес Академијата ја сочинува членство од околу 6000 членови од светот на филмот, телевизијата, видеото и индустријата за видео игри.
Наградите на Академијата се во форма на една театарска маска дизајнирана од страна на американскиот скулптор Мици Канлиф, која беше нарачана од еснафот на телевизиските продуценти во 1955 година.
Церемонијата на доделувањето на наградите Бафта оваа година беше одржана по 73 пат и тоа точно една недела пред доделувањето на наградите Оскар , поточно на 2 февруари. Од 2008 година церемонијата се одржува во Кралската опера во Лондон. Предходно таа се одржуваше во киното Одеон на Лестер Скверот во Лондон.
Претходно свеченоста се одржуваше во април или мај, а од 2002 година таа се одржува во февруари пред доделувањето на Оскарите. Наградите претежно се отворени за сите националности, иако постои награда за најдобро дебиа од британски писател, режисер или продуцент.
Награди Бафта се доделуваат во категориите за филм, филмски творци и специјални и почесни награди.
Во категоријата најдобар филм ,се наградуваат најдобри играни , документарни и кусомеражни филмови, анимирани и кусометражни филмови како и најдобар странски филм ми најдобар филм на неанглиски јазик.
Најмногу номинации оваа година (11)имаше американскиот филм „ Џокер“. Оваа година беше воведена нова категорија – Најдобар кастинг.
Домаќин на годинешната церемонија беше Греам Нортон.
Оваа година апсолутен победник стана воената драма „ 1917“ на режисерот Сем Мендез кој имаше девет номинации за овие награди а освои дури седум награди Бафта. Помеѓу другите тој ги освои наградите за најдобар филм, режија,звук, специјални ефекти но и во категоријата Најдобар британски филм.
Покрај „ Џокер“ кој имаше 11 номинации со по 10 номинации во трката по наградите беа и филмовите„ Ирецот“ на Мартин Скорсезе и „ Беше еднаш во Холивуд“ со по десет номинации.Но ниту едниот ниту другиот не се прославија.Така „ Џокер“ освои три награди од кои највредна е онаа за главна машка улога која му припадна на Жоакин Феникс а филмот на Тарантино освои само една награда за најдобар спореден актер која му припадна на Бред Пит чија награда ја подигна неговата партнерка од филмот Маргот Роби. Во женска конкуренција наградата Бафта за најдобра улога , очекувано, и припадна на актерката Рене Зелвегер за улогата во филмот „ Џуди“ а во категоријата најдобра споредна улога наградата ја освои Лора Дерн за улогата во филмот „ Брачна приказна“.Сепак, најголем годинешен губитник е „Ирецот“ кој имаше 10 номинации а не успеа да добие ниту една награда „ Бафта“.
За најдобар странски филм беше прогласен јужнокорејскиот филм „ Паразит“ кој ја доби и наградата за најдобро оригинало сценарио.
За најдобар докментарен филм беше прогласен филмот „ За Сама“.
Оваа година голем број на забелешки и беа упатени на Британската академија за филмската уметност заради нејзините одлуки годинешните номинации и награди да бидат без учество на црни актери и филмски творци. Така, на овој пропуст се осврна и добитникот на наградата Бафта Жоакин Феникс нарекувајќи ги годинешните награди како „ системски расизам“. За овој пропуст говореше и Прицот Вилијам кој со својата сопруга присуствуваше на церемонијата како и домаќинот на церемонијата во својот воведен дел.
На церемонијата присуствуваа голем број на холивудски филмски ѕвезди меѓу кои и Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Лора Дерн. Маргот Роби, Скарлет Јохансон, Рене Зелвегер, Жоакин Феникс, Квентин Тарантино… како и голем број на британски актери како Хју Грант, Серши Ронан и многу други.
Колку од добитниците на главните награди Бафта ќе се радуваат утре и на Оскарите ќе дознаеме во наредните 48 часа.
ФИЛМСКИ НАГРАДИ „МАГРИТ“
Филмската награда „ Магрит“е награда на Академијата Андре Делвакс во Белгија со која се оддава признание на филмските достигнувањаво филмската уметност.Моделирана според француската филмска награда Цезар, официјалната церемонија на која се доделуваат наградите е една од најистакнатите церемонии на доделување на награди во Белгија.На победниците од различните категории им се доделува копија од статуетка. Наградите за првпат биле доделени во 2011 година и се сметаат за белгиски еквивалент на Наградите на Академијата на САД.
Наградите се доделуваат како и кај останатите слични награди во 20 категории за остварувањата за изминатата година.За наградите гласаат членовите на академијата чиј број изнесува 800.
Годинешната церемонија се одржа на 1. Февруари. на градскиот плоштад во историскиот локалитет Мон де Артс во Брисел.
На десетото јубилено доделување на наградите триумфираше филмот „ Мајчински инстикт“на режисерот Оливие Масет-Депасе, кој освои девет награди. Меѓу другите тој ги освои наградите во категориите Најдобар филм, најдобра режија, најдобра актерка за Веерле Беатенс како и за најдобра фотографија.
Ваквиот распоред на наградите не им остави простор на другите филмови да добијат некои од наградите.
Така, филмот на браќата Дарден „ Младиот Ахмет“кој имал 9 номинации освои награди за младиот актер Идир Бен Ади во категоријата Најперспективен актер и за актерката Миријам Ахдедиу за најдобра споредна женска улога.
Во категоријата најдобар копродукциски филм му припадна на филмот„Извинете што ве пропуштивме“ во режија на Кен Лоуч.
Наградата за најдобар актер ја освои Були Ланорс за улогата во филмот „ Вистинска љубов “.
Во категоријата најдобар фламански филм наградата му припадна на филмот „Патрик“ на режисерот Тим Малантс.
НАГРАДИ НА ЧЕШКИТЕ КРИТИЧАРИ
Чешките филмски критичари се собраа на својата десетта годишна церемонија на доделување награди на 1 февруари, со цел да ги прослават најдобрите домашни филмови од 2019 година.
Според нив најдобар чешки филм во 2019 година е филмот „ Олд тајмер“ на режисерите
Онџеј Проважник и Мартин Душек кои ја освоија и наградата за најдобри режисери.
Носителот на главната машка улога Јиржи Смицер ја понесе наградата за најдобар актер.
Во женска конкуренција наградата за најдобра актерка и припадна на Тереза Рамба за улогата во филмот „ Сопственици“.
Дебитантското играно остварување на писателот и режисер Бохдан Каришек „ Карел, јас и ти“ е прогласено за најдобро откритие за 2019 година.
Филмските критичари ја наградија и младата студентка на академијата ФАМУ , Дарија Кашчева за нејзиниот кусометражен филм „ Ќерка“ кој неодамна ја освои наградата за најдобар кусометражен филм на фестивалот Санденс. Инаку филмот е меѓу петте номинирани за наградата Оскар во категоријата најдобар кусометражен анимиран филм.
Сакајќи да ги одбележат 30 те години од посткомунистичкото кино , чешките критичари гласаа за 10 најдобри чешки филмови во последните три децении.На првото место на оваа листа се најде филмот „ Коља“ на режисерот Јан Сварик од 1996 година кој беше награден со Оскар и Златен глобус за најдобар странски филм.
Ова се само дел од националните филмски награди кои беа доделени досега. Следната информација ќе ги содржи останатите награди кои ќе бидат доделени во наредниот период. Меѓу другите ќе ве запознаеме со добитниците на наградите „Цезар“ на француската филмска академија, потоа со наградите кои ги доделуваат филмските академии на Полска, Шведска , Романија, Австрија …
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк