• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

ЕВРОПСКИ ПАРИ: Зошто ни се важни фондовите на ЕУ?

јули 6, 2016
in Аргументи за

Стратешки инфраструктурни проекти, социјални програми, институционална поддршка, проекти од областа на земјоделството, зајакнување на капацитетите за буџетирање – ова се само дел од секторите кои добиваат европски пари како поддршка за зајакнување и развој.

Она што е значајно се токму инфрастурктурните проекти поврзани со патничките и железничките коридори. И покрај тоа што Европската комисија соопшти дека ќе има кратење на 27 милиони евра од ИПА фондовите, дел од домашните институции сеуште се воздржуваат од коментар. Министерството за финансии пак се огласи дека се работело за проекти кои воопшто не се започнати, односно не се планирани.

Кои проекти се на европската листа за финансирање …

Санација и изградба на железница и обнова на железнички станици се дел од инфраструктурните проекти кои се на листата за финансирање и поддршка со пари од ИПА фонодвите.

Така, 20 милиони евра е финансиската конструкција за обнова на железничката делница Битола – Кременица.

Во пакет со реконструкцијата на железницата е планирано и целосно се санирање на 11 железнички станици низ земјава, вклучувајќи го и Транспортниот центар во Скопје. Само за обновата на станиците се одвоени 5 милиони евра.

Овој проект освен обнова на пругата и санација на станиците опфаќа и иградба на позначајни објекти лоцирани по должина на Коридорите 10 и 10Д.

Како корисници на парите од ИПА фондовите се јавуваат различни институции, министерства и независни тела. Еве дел од проектите поддржани со европски пари:

Министерство за финансии: “Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансиии”

Овој проект е финансиран од: Европска Унија, Националната програма ИПА ТАИБ 2011 година. Цел на проектот е обезбедување и одржување на стабилни јавни финансии преку подобрување на управувањето со јавните финансии. Вкупна вредност е 1.100.000 евра а се спроевдува од декември 2015 до ноември 2017. Како клучен корисник е наведено Министерство за финансиии, Сектор за буџет и фондови.

Народен правобранител: “Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и подобрување на неговите капацитети“

Проектот е финансиран од Европската Унија а целта е зајакнување на капацитетите на канцеларијата на Народниот правобранител во заштита на основните права и слободи и да ја зголеми својата видливост во јавноста во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики. Вкупна вредност изнесува 250 000 евра во времетраење од 8 месеци , почнувајќи од април 2015 год. Носител на овој прокет е Канцеларија на Народниот правобранител

Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување: “Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ во сферата на слободното движење на работниците”

Овој проект финасиран со европски пари е со цел подготвување на националните институции за успешно исполнување на обврските во врска со ефикасното спроведување на законодавство во областа на слобода на движење на работниците. Вкупна вредност е околу1 милион евра а се спроведуваше од февруари 2014 до август 2015 год. Главни корисници на проектот се: Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување

Министерство за труд и социјална политика: “Промовирање на услугите за социјална инклузија”

Овој проект е финансиран од  Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА). Цел на проектот: Подобрување на системот, услугите и професионалните капацитети за социјална инклузија на мажи и жени во незавидна позиција и промоција на еднакви можности на пазарот на труд. Вкупна вредност на проектот е  1 366 250 евра. Во времетраење од 24 месеци, почнувајќи од јули 2015 до јули 2017. Клучен корисник: е Министерството за труд и социјална политика

Со европските ИПА фондови во изминатиов период се финансираа и градежни зафати за реконструкција на 12 Центри за вработување и 18 Центри за социјална заштита низ поголемите македонски општини. За санирање на вкупно 42 објекти се добиени европски пари во висина од 2 милиони евра.

Институционален молк по одлуката на ЕК …

По одлуката на Европската комисија да скрати 27 милиони евра од ИПА Фондовте наменети за Македонија, засега молк од Секретаријатот за европски политики кој како дел од Владата е надлежен за менаџирање на средствата и проектите одобрени од Европската Унија.

Од Министерството за финансии испратија став, односно одговор дека со парите што се скратени биле опфатени идни проекти кои не се договорени.

„Одлуката на Европската комисија се однесува на средства за проекти од ИПА 2016, односно проекти кои не се програмирани и договорени со Европската комисија. Тековните проекти кои се финансираат од ИПА и кои се влезени во фаза на реализација продолжуваат и понатаму, согласно предвидената динамика“ – соопштија од Министерството за финансии.

Македонија не е во пакетот за обединување на Западен Балкан?

Сепак, Македонија сеуште смета на странските финансиери и поддржувачи. На бизнис форумот што се одржа во Париз, како дел од третиот самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, вицепремерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека зе,јава и натаму ќе конкурира за финасиска поддршка за инфрструктурни прокети.

“Во секој случај за Македонија е важно да биде присутна тука и да покаже што има да каже, бидејќи сепак, во делот на бизнис реформите сме отидени најдалеку од сите држави, што беше нотирано и од експертите на Светската банка кои се присутни на овој форум. Голем дел од проектите во Македонија се финансирани од меѓународните финансиски институции што значи дека она што го правиме е во вистинска насока, но се разбира треба да се продолжи по оваа патека и конечно политичката криза која што владее во Македонија можеби е мал застој кај нас но долгорочно сепак економијата останува и кај нас и во ЕУ главниот фокус“, изјави вицепремерот Пешевски.

Токму во Париз, еврокомесарот Јоханес Хан најави 150 милиони евра – европски пари за инфраструктурни проекти во Србија, Албанија и Косово, но Македонија не беше посочена на оваа листа.

“Нема смисла да се инвестира без навремено да се спроведуваат реформи, и меките мерки беа воспосоставени бидејќи додаваат дополнителна вредност на инвестициските приоритети. На нашата одлука за финансирање влијаеше напредокот на меките мерки. Затоа ве повикувам да се осигурате дека реформските прашања ќе бидат имплементирани без одложување“ – изјави Јоханес Хан.

Од Министерството за транспорт, кое е надлежно за спроведување на дел од инфрастуктурните проекти кои се поддржани со европски пари засега нема став по одлуката на ЕК за стопирање на 27 милиони евра од ИПА Фондовите.

Извор: www.faktor.mk 

Посетеност: 134
Share
Previous Post

Бикини-костимот полни 70 години, но не е стар

Next Post

Тестенините не дебелеат

Next Post

Тестенините не дебелеат

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk