Интерпретаторот на македонски народни и новосоздадени песни Фазли Луик годинава слави 25 години од своето присуство на естрадата.
По тој повод Фазли кој живее во Мелбурн, Австралија пред новогодишните празници пушти во етерот и на социјалните мрежи своја нова песна. И таа како инспирација го има Охрид – неговиот роден град.
Композицијата „Мој Охриде“ е снимена во студиото XL на Дејан Момировски. Aвтор на музиката и аранжманот е Дарко Илиевски а на текстот Бранко Николовски.
Луик минатото лето беше во Македонија и покрај одморот успеа да настапи на два фестивали. На првиот Иселенички фестивал во Прилеп и на Охрид фест – Охридски трубадури.
И во двата наврати собра голем број аплаузи а песните добро се држат на топ листитеи на You tube според преслушувањата.
Познавајќи го Фазли како човек, музичар и интерпретатор – јасно ни е дека наскоро својата публика ќе ја изненади со некоја нова своја изведба преточена и во спот.
Фазли – нека ти се множат јубилеите и песните!
Публицитет.мк