• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ“ 2018 гостуваше во „Аквариус“

јули 5, 2018
in Во потрага по трајната убавина
Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ“ 2018 гостуваше во „Аквариус“

По завчерашната успешна промоција во Битола, вчера и во Охрид во кафулето Аквариус, беше промовирана Збирката на поетски творби за деца на проектот Фестивал на поезија за деца, Стихо-фест „СТИХУВАЛКИ“ 2018.

Програмски уредници на литературната манифестација се проф. д-р Кристина Николовска и м-р Ели Маказлиева, како и 15 други нивни соработници коишто го поттикнаа и иницираа овој настан. Голема улога има и изфавачката куќа ЕДУКА МАК ДОО Скопје, која е всушност носител на целиот фестивал.

Фестивалот беше отворен со говор на водителката Александра Велинова, којашто накратко го претстави целиот настан и ги поздрави учесниците и жири комисијата, која ја сочинуваа Христо Петрески – долгогодишен автор и автор за деца и претседател на Собранието на Друштвото на писатели на Македонија, м-р Ели Маказлиева и проф. д-р Кристина Николоска, којашто поради оправдани причини не можеше да учествува на настанот.

36587797 10155589220926918 1451478236268593152 n

Членовите на жири комисијата подетално го објаснаа овој проект, кој се појавил како идеја во недостатокот на литература (поезија) за деца и за тој да се реализира била потребна година. Секако секој проект содржи неколку фази па така и овој, меѓу кои, најпрво избирањето лого – кое е гасеница – симбол за Фестивалот, кој ќе прерасне во пеперутка со сите негови предности и ќе стане и меѓународно признат. Потоа, како втора фаза е распишувањето на конкурсот на кој се пријавиле 89 поети од Македонија, афирмирани и неафирмирани, помлади и постари. Жири комисијата од нив избрала 49 кои потоа ги објави во Збирката. Од тие, 25 од нив ќе се натпреваруваат за прво место – 150 евра и златна плакета, второ место – 100 евра и сребрена плакета и трето место – 50 евра и бронзена плакета. За таа цел, водителката и присутните писатели ги прочитаа нивните дела, а потоа на публиката им беа дадени ливчиња за да гласаат за нивната омилена песна. Како последна фаза беа посочени, секако, печатењето и промовирањето на овој проект, како и доделување на веќе напоменатите награди.

36637570 10155589218651918 6494846843476770816 n

Атмосферата ја разубави и хрватскиот кант-автор Дамир Мараз кој отпеа неколку негови песни, а како дел од публиката беа и Полка Карајанова и писателот Видое Видически.

36649182 10155589225806918 3599789030545293312 n

Со овој проект, исто така, им беше дадена можност на сите автори од Македонија, веќе познати или допрва откриени, да се пријават и нивната песна да се објави во Збирката. Како и да е, за едно нешто сите беа сложни – во еден свет каде технологијата станува најверен другар на малите деца, фали книгата и пишаниот збор. Особено во Македонија фалат млади писатели на поезија за деца, но со овој настан на еден посебен начин се поттикна таа потреба и се оддаде големо значење на македонскиот јазик и неговата употреба кај помладите генерации.

 Дамјана Видическа, Публицитет.мк 

Посетеност: 86
Share
Previous Post

КАНЕО ФЕСТ донесе нови забавни и фолк ноти

Next Post

Започна „Балканскиот фестивал на народни песни и игри “

Next Post
Започна „Балканскиот фестивал на народни песни и игри “

Започна „Балканскиот фестивал на народни песни и игри “

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 86

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk