• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, август 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Фестивали, Фестивали …

август 2, 2016
in Филмољубие

Летото е во полн ек . Време е за одмор и забава.А кога е во прашање забавата тука се бројните музички и филмски манифестации под отворено небо. Нема такаречи град кој нема свое културно лето во чии рамки се одржуваат бројни музички концерти, тетарски престави, филмски фестивали… Некои од нив веќе завршија, некои штотуку започнаа а некои ќе започнат во наредните денови. За два од нив ќе кажеме нешто повеќе токму  во овој материјал.

fa 1

19. МОТОВУН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ  (26 – 30.07. 2016)

Деветнаесетото изадание на филмскиот фестивал кој декоја година традиционално се одржува во Мотовун,Хрватска, заврши во саботата(30.07.) со свеченото  доделување на наградите на најдобрите.

fa 2

Со едногласна одлука на главното жири, кое работеше во состав:Алма Прица, Салваторе Меро, Фридрик Тор Фридриксон и Клемен Дворник,главната награда ПРОПЕЛЕР НА МОТОВУН да му ја додели на ирско – кубанскиот филм „ ВИВА“ на режисерот Педи Бредхнач. Тој бил присутен на фестивалот на проекцијата на својот филм и заминал во Даблин од каде повторно се вратил во Мотовун лично да ја превземе  наградата.Во своето образложение за наградата жирито ќе напише:„Наградата ја добива филмот кој ги истражува можностите за трансформација во затворена средина , преполн е со искрени емоции, залагања и желби за вистината. Филмот нуди сублимиран облик на копнеж по убавината. Заговара човечка автентичност  и борба во името на внатрешен императив на слободата.Филмот не ги прикажува само конфликтите , туку и патот кој води кон решенија.Филмот е полн со живот , прекрасно е снимен и е режиран фокусирано и со рамномерност“.

fa 3

Главното жири посебно признание му додели на рускиот филм „ (М)аченик“на режисерот Кирил Серебреников.

„ Посебното признание оди кај филмот кој прикажува силна парабола на современиот свет.Филмот ја испитува улогата на фанатичните и екстремистичките ставови  и нивната заводлива моќ. Извонрдно естетски снимен  и со извонредна актерска изведба, овој филм поставува мошне значајни прашања од нашето време,како и за светот кој „ го изгубил компасот“ и кој се обидува да го врати почесното место на разумот како категорија “ – стои во образложението на жирито за оваа награда.

fa 4

Меѓународното жири во состав : Петер Церовшек, Владимир Шепут и Јесус Гонзалес Нотарио ја додели наградата ФИПРЕСЦИ на филмот „ Добра жена “ на режисерката Мирјана Карановиќ. Во одлуката на жирито за наградата стои дека таа му се доделува

„ заради исклучителната глума на актерите и режијата кои храбро се занимаваат со прашањето на воените злосторства над невините луѓе и внатрешните борби на морално растргнатата жена “.

„ Мошне сум горда на оваа награда . Мотовун е фестивал со посебен дух. Филмовите кои таму се прикажуваат се истакнуваат со независен и неконвенционален уметнички израз. Ми беше задоволство и особена чест да бидам во друштво со авторите како што се Жилник,Карпо Година и Андреа Арнолд“ вели добитничката на наградата Мирјана Карановиќ.

fa 5

По Кен Расел, Тери Џонс, Урлих Зајдл и други светски великани на филмската уметност, наградата МАВЕРИК МОТОВУН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ за посебно неконвенционалниот пристап  на филмот , за прв пат оваа година му е доделена на еден автор од регионот, култниот српски режисер Желимир Жилник.

Во името на фестивалот наградата му ја додели големиот словенски режисер Карпо Година кој како снимател работел на неговиот филм „ Рани радови“кој веднаш по премиерата ја освои наградата Златна мечка и наградата за најдобар младински филм на Берлиналето.

 fa 6

Да се потсетиме, фестивалот во Мотовун  е посветен на филмовите кои се создадени во малечки кинематографии и во независна продукција, филмови кои се одликуваат со иновативност, идеи и силата на своите приказни, односно филмови кои во нерамноправната пазарна трка , се потешко се пробиваат до кино – салите и обичните гледачи.

Оваа година во трката поглавната нагрда се натпреваруваа 19 филмови од сите страни на светот:Чиле, Русија, САД, Италија, Германија, франција, Аргентина , Шпанија, Унгарија, Ирска, Словачка, Канада , Шведска, Полска, Чешка, Нов Зеланд и неколку филмови од бившите Југословенски простори. Меѓу нив беше прикажан и филмот „ Ноќен живот“ на режисерот Дамјан Козоле кој преставува Словенечко, Македонско и Босанско Херцеговска копродукција како и хрватскиот „ Се’ најдобро“на режисерката Снежана Трибусон и српскиот филм „ Добра жена“ дебитантското режисерско остварување на познатата актрерка Мирјана Карановиќ.

 

fa 7

30. ХЕРЦЕГ НОВИ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

Годинешното јубилејно 30 то издане на Хецегнови филмскиот фестивал зпочна во понеделникот на 1. Август и ќе трае до 7. Август.

Мошне е интересна историјата на овој фестивал кој досега неколкупати го менувал своето име.

Фестивалот својот почеток му го должи на Милан Жмугиќ кој прд триесет години бил иницијатор за започнување на филмски фестивал во овој град во Црна Гора.Првото издание на фестивалот било отворено со филмот „ Во името на народот“ на режисерот Живко Николиќ. Фестивалот тогаш  бил именуван како Југословенски фестивал на филмската режија. По пет години фестивалот бил преименуван како Југословенски филмски фестивал  а потоа во 2000 година во Хецегновски филмски фестивал.Суштинската трансформација , која го оснажила , му дала нова енергија и денешната форма е извршена во 2010 година , откако одлуката за промените синергично ја донеле Општината Херцег Нови и Министерството за култура на Црна Гора. Со тоа Филмскиот фестивал Херцег Нови – Монтенегро Филм Фестивал добива статус на манифестација од посебно значење за културата на Црна Гора.

Денес , програмата на фестивалот ја сочинуваат три натпреварувачки категории:долгометражни играни филмови, документарни филмови и селекцијата на филмови на студентите  од регионалните филмски школи.Четвртиот сегмент е ревија на филмови наградени на најголемите европски филмски фестивали.

Долгометражните играни филмови ,остварувањата од земјите на југоисточна Европа и Медитеранот, се прикажуваат на тврдината Канли кула, документарните филмови од целиот свет, на плоштадот„ Миќа Павловиќ“ во Стариот град, а студентските филмови , чија селекција ја сочинуваат продукцијата на филмските школи од некогашна Југославија, во атриумот на Иво Андриќ.За победниците на европските фестивали е резервирана тврдината Форте Маре.

Јубилејното , триесетто издание на фестивалот  носи и една специфичност во однос на изминататото издание. Имено, иако во селекцијата на долгометражни играни филмови  ќе се престават творци од југоисточна Европа, натпреварувачкиот дел го сочинуваат филмови од некогашните југословенски републики.

Годинешниот фестивал  го има мотото „ Допир на филмот“.Промотор на фестивалот е младиот црногорски актер Момчило Оташевиќ.

fa 8

Инаку ,фестивалот како што рековме, свечено беше отворен во понеделникот на 1. Август. По потсетувањето на неговата историја и омажот посветен на тројцата великани на српското глумиште:Бата живојиновиќ, Драган Николиќ и Милорад Мандиќ, јубилејното 30 то издание на фестивалот за отворен го прогласи актерот Мустафа Надаревиќ, кому во таа прилика му е врачена и наградата за придонес и афирмација на фестивалот именувана според основачот на фестивалот „ Милан Жмукиќ“.

Јубилејното издание на фестивалот започна со проекцијата на филмот „ Дневникот на машиновозачот“ на режисерот Милош Радовиќ а потоа и со проекцијата на кусометражниот филм „ Бисерниот брег“ на режисерот Душан Касалица.

На главната сцена Канли Кула но и на три останати сцени во наредните денови, до 7. Август, ќе бидат прикажани близу 100 филмови во веќе споменатите програми.

 Селектор на програмата на долгометражни играни филмови е познатиот режисер Срдан Голубовиќ а жирито кое ќе одлучува за наградите го сочинуваат :актерката Варја Ѓукиќ, режисерот Огнен Свиличиќ и драматургот Александар Радуновиќ. Тие треба да одлучат за победникот меѓу осумте филма кои се натпреваруваат за наградата Златна Мимоза за најдобар филм.

Во конкуренција се следните филмови:

ДНЕВНИКОТ НА МАШИНОВОЗАЧОТ  на режисерот Милош Радовиќ

ОД ОНАА СТРАНА на режисерот Огнен Свиличиќ

ДОБРА ЖЕНА на режисерката Мирјана Карановиќ

ЗВИЗДАН  на режисерот Далибор Матаниќ

ТАТКОВИНа на режисерот Олег Новковиќ

НАШАТА СЕКОЈДНЕВНА ПРИКАЗНА на режисерката Инес Тановиќ

СМРТ ВО САРАЈЕВО на режисерот Данис Тановиќ и

ПОД МОСТОТ – МЕЃУ СТЕНИТЕ на режисерот Павле Симоновиќ.

Кој ќе ја понесе главната награда на годинешниот јубилеен фестивал во Херцег Нови ќе биде соопштено во недела на 7. август, кога ќе бидат соопштени добитниците на наградите и ќе биде затворен фестивалот со прикажување на хрватскиот филм  „Животот е труба“ на режисерот Антонио Нуиќ и грчката комедија „ Шевалие“ на режисерката Атина Рејчел Тсангари, кои ќе бидат прикажани надвор од конкуренција по награди.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 92
Share
Previous Post

КУД „Далги“ се врати со награда од „Илинденските денови“ во Битола

Next Post

Свежо цвеќе и на споменикот во Плаќе

Next Post

Свежо цвеќе и на споменикот во Плаќе

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 92

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk