„Вдиши театар“ го најде своето „место под охридското сонце“ и собира се’ поголем број поклоници на театарот.
Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и да бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст -Охрид по петти јубилеен пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 13-17 јуни во Охрид.
Спектакуларен беше и настапот на театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „ВО ФИОКА“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц. Нашите млади и талентирани актери на креативен и вешт начин не потсетија за изгубените вредности во денешницава, но и ја истакнаа надежда дека тие се само скриени „во фиока“ и дека секој од нас треба да направи исчекор за враќање на вистинските вредности.
Блескав сценски настап на театарската група на волонтерите на Црвен крст – Суботица, Србија на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоаа претставата „СОБИРЕН ЦЕНТАР“ од Душан Ковачевиќ во режија на Бранислав Трифковиќ преку која на сликовит начин ги прикажаа случувањата на ликовите во претставата на овој и „оној“ свет.
Со поучна приказна за алкохолизмот и последиците од него младите актери на Црвен крст – Бар, Црна Гора се претставија на третиот ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“. Тие вчера на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ ја изведоа претставата „Црвена сфера на сината лагуна“ со која на оригинален и сликовит начин ги прикажаа проблемите на едно семесјтво во кое таткото е алкохоличар.
На третиот ден од „Вдиши театар“ свој настап имаше и театарската група на Црвен крст -Битола која ја изведе претставата „Аферите на Џон“. На многу креативен начин младите талентирани актери го прикажаа проблемите со кои се соочува главниот лик Џон, заради „двојниот“ живот кој го води и комичните ситуации со кои се обидува да ги реши проблемите.
На четвртиот и последен ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе настапат театарските групи на Црвен крст – Ужице и Црвен крст – Крагуевац кои вечерва во 19 и 21 ч. ќе настапат на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“во Охрид со претставите „Сузе и солзи“ и „Луѓе во црно“.
Публицитет.мк