• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Фидел Кастро (1926-2016): Заминување на легендарниот револуционер

ноември 27, 2016
in Омнубус

Вчераутро, во 7 часот по локално време, кубанската телевизија објави тажна вест – почина лидерот на Кубанската револуција, почина Фидел Кастро. Информацијата ја потврди неговиот брат, Раул Кастро.

Легендарниот Фидел ја водеше Kуба од 1959 до 2006. Тогаш се разболе и ја напушти лидерската функција, а претседател стана брат му Раул.

Фидел Кастро, Раул Кастро, Ернесто Че Гевара, се некои од клучните имиња во Кубанската револуција која го симна од власт проамериканскиот диктатор Батиста и засекогаш ја промени не само Куба, туку и цела Латинска Америка.

Кубанската револуција која ја предводеше Фидел е еден од најважните историски настани во двасеттиот век. И покрај проблемите и огромните притисоци, Куба напредуваше, опстои и стана најважен симбол на отпорот против империјализмот.

Кастро на непозната локација во Куба, февруари 1957.

Откако положи заклетва како премиер на Куба, влезе во судир со САД и во 1962 година беше центарална фигура на настанот кој над планетата ја надвисна сенката на опасноста од нуклеарна војна. Кастро му дозволи на Советскиот сојуз да им одговори на Американците на ширењето оружје по Европа и да размести на Куба балистички ракети со нуклеарни боеви глави.

ЦИА се обиде да го убие Kастро на стотици начини, но Фидел ги преживеа сите обиди за атентат и умре од природна смрт.

Фидел Кастро беше и една од водечките фигурни на Движењето на неврзаните, а ќе остане запамтено и дека беше во одлични односи со југословенскиот маршал Јосип Броз Тито.

Кастро и неговите војници на пат кон Хавана, каде следниот ден им е приреден величествен пречек, 7 јануари 1959.

Кубанската икона ќе се памети и по повеќечасовните говори, а еден од последните го одржа во април, кога рече дека му се наближува смртта.

„Наскоро ќе наполнам 90 години, нешто што не го ни сонував. Наскоро ќе бидам како сите други. Секому доаѓа редот.“, рече Кастро.

Кастро ќе биде кремиран, иако за неговата вера често се дискутираше. Одгледан е како католик, за да се изјасни подоцна како атеист. Сепак, иако ја критикуваше Библијата, изјави: „Ако ме нарекуваат христијанин, не од аспект на верата, туку од аспект на погледот кон општеството, тогаш и јас ќе речам дека сум христијанин“.

Во продолжение, потсетуваме на седумнаесет изјави на Фидел Кастро, дадени во различни прилики, а по кои ќе остане запаметен.

Кастро држи говор во ОН, Њујорк, 12 октомври 1979.

* * *


„Осудете ме, не е важно. Историјата ќе ме ослободи.“ 
– Фидел Кастро во 1953, кога како млад адвокат се бранел на судењето поради речиси самоубиствениот напад на касарната Монкада.

„Ја почнав револуцијата со 82 луѓе. Кога би требало да се направи тоа повторно, би го направи и со 10 или 15 со апсолутна верба. Не е важно колку си мал, ако имаш верба и план за делување.“ – 1959.

„Не размислувам да ја избричам брадата, зашто се навикнав на неа и мојата брада значи многу во мојата земја. Кога ќе го оствариме ветувањето за добро владеење, ќе ја избричам брадата.“ – Кастро во 1959, во интервју за CBS, 30 дена по револуцијата.

„Револуцијата не е мед и млеко. Револуцијата е борба помеѓу иднината и минатото.“ – 1959.

Кастро со насмевка држи весник во кој се известува за обид за атентат врз него, Њујорк, 1959.

„Одамна дојдов до заклучок дека последната жртва која морам да ја направам за јавното здравје е да престанам да пушам. И воопшто не ми недостасува.“ – 1985.

„Никогаш не сум гледал контрадикција меѓу идеите кои ме одржуваат и идејата на тој симбол, тој извонреден лик (Исус).“ – 1985.

„Само замислете што би се случило со светот доколку социјалистичката заедница исчезне. Кога тоа би било можно, а не верувам дека е можно.“ – 1989.

„Ние не знаеме ништо за тоа. Ние, господа, искрено, не знаеме ни колку би наплатиле.“ – 1990, за развојот на меѓународниот туризам на Куба.

„Мораме да се држиме до фактите и, едноставно речено, социјалистичкиот табор пропадна.“ – 1991.

Фидел Кастро и Нелсон Мандела, Мантанзас, 1991.

„Нема ништо чудно во тоа. Би сакал да имам многу прилики да дочекам толку значајни личности како оваа.“ – 1994, додека Кастро го објаснува државничкиот дочек на Хуго Чавез во Хавана неколку месеци откако е пуштен од затвор поради обидот за пуч во 1992. Пет години подоцна, Чавез е ибран за претседател на Венецуела и станува најблизок сојузник на Фидел Кастро.

„Тие промени (отворањето на меѓународниот туризам, странските инвестиции, малото претприемништво, девизните дознаки) имаат своја општествена цена, зашто живеевме под стаклено ѕвоно, сосема асептично, а сега сме опкружени со вируси и бактерии до точка на одвраќање на вниманието и со егоизмот создаден од капиталистичкиот систем на производство.“ – 1998.

„Една од најголемите придобивки од револуцијата е тоа што дури и нашите проститутки имаат матура.“ – Кастро до режисерот Оливер Стоун во документарниот филм „Comandante“, 2003.

„Сфатив дека мојата вистинска судбина беше војната која би ја водел со САД.“ – Кастро во документарниот филм „Looking for Fidel“ на Оливер Стоун, 2004.

Фидел Кастро и Јосип Броз Тито

„Еве го заклучокот до кој дојдов по толку години: меѓу своите грешки кои сме ги направиле, најголемата е што верувавме дека некој навистина знае како да изгради социјализам… Кога ќе речеа ‘тоа е формула’, мислевме дека знаат. Како да станува збор за лекари.“ – 2005.

„Јас сум навистина среќен што доживеав 80 години. Никогаш не го очекував тоа, а најмалку имајќи ја како сосед најголемата сила на светот, која се обидува да ме убие секој ден.“ – 2006, на самитот на јужноамерикански претседатели во Аргентина.

Фидел Кастро и папата Франциско, во резиденцијата на Кастро во Хавана, 2015.

„Нема да ја прифатам функцијата на претседател на државното собрание и врховен командант. Би било предавство на мојата совест ако прифатам одговорност која бара повеќе мобилност и посветеност отколку што сум физички во можност да дадам“ – Кастро при поднесувањето оставка на претседателската функција, 2008.

„Ние не сме развиена капиталистичка земја во криза, чиишто водачи лудуваат во потрага по решенија среде депресија, инфлација, недостиг на пазари и невработеност: ние сме и мораме да бидеме социјалисти.“ – 2008.

Извор: Jutarnji list, B92

www.okno.mk 

Публицитет.мк 

Посетеност: 111
Share
Previous Post

На пресот на Шеќеринска реакција од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид

Next Post

Сашка Петковска „Бакни ме“

Next Post

Сашка Петковска „Бакни ме“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk